Меѓународна конференција за корупцијата во високото образование ќе се одржи денеска на Универзитетот на ЈИЕ – кампус Скопје.
Конференцијата е организирана од Амбасадата на САД во земјава.
Поздравни обраќа и говори ќе имаат Владимир Радевски, вицеректор за академски прашања на Универзитетот, Мишо Докмановиќ од Правниот факултет при УКИМ и Денис Фарингтон, претседател на Управниот одбор на Универзитетот.
Конференцијата ќе има три пленарни сесии на следниве теми – „Корупција во високото образование“, „Превенирање на корупцијата преку образование“ и „Свиркачи – заштита во високото образование“. (МИА)












