• Latest

Милошоски не се откажува од класифицираните документи, за Димитров тоа е саботажа

July 27, 2018
Фото: МИА архива

Американскиот Сенат го отфрли обидот за ограничување на овластувањата на Трамп за војна со Иран

June 28, 2025

И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта

June 28, 2025
фото: ФДУ/Белград

Студентите во блокада денеска на протести со два ултиматума до српската влада, оние што „сакаат да учат“ со литературна вечер по повод Видовден

June 28, 2025
Фото/ Wikimedia commons

Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост

June 28, 2025

Вучиќ пред утрешните протести на студентите: Не го прифаќаме ултиматумот

June 27, 2025
Фото: Militarnyi

Кијив тврди: Русија употребиле хемиско оружје 888 пати само во мај оваа година

June 27, 2025
Фото: МИА

САД и Кина потврдија дека постигнале договор за крај на трговската војна

June 27, 2025

Руски агенти осомничени за подметнување пожари на воени камиони во Германија

June 27, 2025
Славјанка Петровска 

Фото: Цивил / Архива

Петровска за Цивил: Одбраната не е само оружје, туку стратегија за развој и безбедност – 5% од БДП е шанса, не товар

June 27, 2025

Гоцевски за Цивил: НАТО и ЕУ во лавиринт – Македонија меѓу интереси и сојузи

June 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Милошоски не се откажува од класифицираните документи, за Димитров тоа е саботажа

July 27, 2018 08:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Никола Димитров в понеделник ќе направи уште еден обид пред народните избраници да реферерира за достигнувањата во надворешната политика, откако вчера претседателот на собраниската Комисија за надворешка политика Антонијо Милошоски ја презакажа седницата, не откажувајќи се од класифицираните информации од лидерските средби кај претседателот Ѓорге Иванов.

Милошоски и вчера оневозможи да почне седницата, што беше сторено и претходниот ден, а на која Димитров треба да го изнесе своето екпозе и повторно побара пристап до информациите за разговараното на две лидерски средби кај шефот на државата, во јануари и мај во врска со преговорите со Грција. Милошоски тврди дека министерот Димитров на средбите ветувал едно, а потоа постапил сосема поинаку.

Милошоски бара пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат да ги добијат класифицираните материјали од двете лидерски средби кај Ѓорге Иванов и иако тој нема таков сертификат, вели дека откако пратениците ќе ги добијат, седницата ќе ја води потпретседателот на Комисијата и документите ќе бидат разгледувани само од оние народни избраници кои имаат таков сертификат.

Тој потенцираше дека и покрај завчерашниот договор, материјалите иако уредно биле доставени до Собранието, се уште не се доставени до членовите на Комисијата и пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат и оти тоа говори дека власта и владејачкото мнозинство се обидуваат нешто да сокријат.

Најави дека откако пратениците, кои имаат безбедносни сертификати ќе ги добијат класифицираните информации, кои планираат со писмо да ги побараат од генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, седницата ќе се одржи. Продолжението Милошоски го закажа за в понеделник.

Минитерот Димитров, вчера побара збор и истакна дека е подготвен да разговара на која било тема во кое било време, но оти не е подготвен да биде соучесник или сведок на кривични дела.

– Немам ништо да кријам од целиот процес. Тоа што го кажувам пред вас, го кажувам пред граѓаните, тоа сум го разговарал и со Грција и со нивните претставници, со политичките лидери, со премиерот, претседателот… Објавување информации класификувани како државна тајна можат да направат трајни штетни последици врз државите интереси на РМ. Овој процес уште трае пред нас е референдум, а  пред Грција ратификација. Објавување ставови и преговарачки позиции може да му наштети на овој процес, рече Димитров.

Тој кажа дека не знае за какви материјали станува збор бидејќи, како што посочи, на првата средба кај Иванов не било договорено да се водат белешки. Прашање е, потенцира Димитров, кој ги направил, како ги класификувал и како одлучил кому да ги достави. Истакна дека МНР нема материјал од лидерската средба од јануари 2018 година.

– Ова што се прави е упад и саботажа, која ја доживувам како андтидржавен потег, рече Димитров.

Пратениците од владејачкото мнозинство и вчера и завчера го предупредија Милошоски дека на ваков начин по изнесување детали од класифицирани материјали прави кривично дело, како и дека кривично дело е доколку тој имал увид во тие материјали, а нема безбедносен сертификат.

Класифицирани документи добиени од кој и да е орган, не можат да поседуваат лица без безбедносен сертификат, да бидат разгледувани на јавна седница и пред лица кои немаат таков сертификат, се посочува во вчерашното соопштение на Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија во врска со непочитување на Законот за класифицирани информации од страна на претседателот на Комисијата за надворешна политика.

– Претседателот на Комисијата за надворешна политика повеќе од една година нема безбедносен сертификат, иако од стручните служби во Собранието му било укажувано дека е истечена важноста на претходниот,  се наведува во соопштението од кабинетот на Џафери.

Според ова, како што е посочено во соопштението, пратеникот и претседател на Комисијата, согласно Законот за класифицирани информации, кој е без неопходниот безбедносен сертификат, не можел да бара, поседува и да изнесува јавно документи кои имале назнака „строго доверливо“.

– Антонијо Милошоски до Кабинетот на претседателот на РМ доставил барање за добивање материјали од лидерските средби одржани во јануари и во мај годинава, и на недозволив и заобиколен пат, лично, не преку архива, ги добива материјалите од Кабинетот на претседателот Иванов, нешто што не е според законот. Материјалот е отворен, и по неколку дена од други лица во Собранието е донесен во Архива за да се процесуира. Со ова овој материјал станува сопственост на Собранието, се наведува во соопштението.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ укажуват дека Талат Џафери постапил согласно член 52 од Деловникот за работа на Собранието, во кој е наведено дека пратеникот е должен да ја чува државната, службената, воената и деловната тајна.

Оттаму напоменуваат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, ниту криел, ниту крие некакви материјали и сознанија, туку постапил исклучиво според Законот и Деловникот и дека тој нема да дозволи незаконско работење во Собранието на РМ.

На седница, која веќе два дена се одложува своите платформата за дипломатските активности треба да ги презентираат и четворица новонаименувани амбасадори на Република Македонија во Кралството Норвешка Серџим Мухамед, во Република Полска Васил Пановски, во Црна Гора Михајло Трпкоски и Александра Миовска во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ