Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР ќе ги наблудува изборите на 12 април, со 250 краткорочни набљудувачи. Тана де Зулуета, шеф на мисијата, кажа дека изборите ке ги наблудува и една делегација на Европскиот Парламент.
Коментирајќи ги измените на изборниот законик таа рече дека тие се по препораки на мисијата на ОДИХР, но сè уште е рано за да дадат оценки, за што треба да се почека нивно спроведување.
Зулуета на денешниот прес изјави дека лажните вести ќе бидат сериозен предизвик на овие парламентарни избори. ОБСЕ-ОДИХР ќе ги наблудува и социјалните медиуми, но не систематски и додаде дека разликата меѓу пропаганда и лажни вести е многу тенка.
Голем придонес за справување со лажните вести, шефицата на ОДИХР рече дека можат да дадат медиумите преку фер и објективно известување.
А. З.