• Latest

Мицотакис: Европа и покрај воздржаноста, ги држи отворени вратите за Западен Балкан

November 15, 2019
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис: Европа и покрај воздржаноста, ги држи отворени вратите за Западен Балкан

November 15, 2019 10:41
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„Ја користам можноста, верувам изразувајќи го ставот и на премиерот Борисов, да уверам дека Европа и покрај воздржаноста, ги држи отворени вратите за Западен Балкан и дека со соодветните предуслови, сонот за полуостров на мир и слобода во економијата, идеите, движењето на луѓето и производите, може да стане реалност, а знамето на Европа, во некој момент да се вее како во Тирана, така и во Скопје“, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на Самитот во Солун и истакна дека патот на сите балкански држави кон напредок „беше и е заедничка визија“, што започна со Солунската агенда, а во градот во кој што се роди, вчера одново беше потврдена.

Претседателот на владата на Грција се осврна на трите грчки насоки во однос на Балканот и Југоисточна Европа: зајакнување на билатералните односи со сите земји од регионот; цврста поддршка на европската перспектива и промоција на поврзувањето во транспортот, инфраструктурата, енергетиката и дигиталната економија, а паралелно откри дека шефот на грчката дипломатија подготвува инцијатива за Скопје и Тирана, јави дописничката на МИА од Атина.

„Цврста поддршка на европската перспектива на сите земји од Западен Балкан. Како најстара и силна членка на Европската унија, Грција добро ја знае важноста на една таква разврска. Затоа ги охрабрува државите кандидатки да ги направат тешките промени што ќе ги доближат до Европа на демократијата, на правдата, на отворената економија. Кон тоа цели и иницијативата на министерот за надворешни работи, на господинот Дендиас, да ги покани неговите колеги од Тирана и од Скопје во Брисел на следниот Совет за надворешни работи на ЕУ, функционирајќи како ефикасен канал за комуникација“, рече Мицотакис.

Говорејќи за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, Мицотакис рече дека „чистите сметки, прават добри пријатели“, истакна дека е искрен пред пријателите и објасни дека патот на двете земји кон Европа „вклучува важни промени што мора да се направат“, паралелно изразувајќи увереност дека овие промени ќе се направат.

„Во однос на кандидатурата на Северна Македонија, драг Зоран, повторно ќе бидам јасен, воедно имавме можност тоа да го кажеме и на нашата средба. Имаме должност да ги ублажиме многуте негативни последици од договорот што е веќе потпишан. Треба тоа да го сториме со реализам и зрелост. За нас, приоритет е заштитата на името и угледот на нашата Македонија и нејзините производи, рече грчкиот премиер и се осврна на трговската ознака што вчера беше промовирана – буквата М и зборот GReat што како што рече, „упатува на голема, но и на Greece“, додавајќи дека тоа е „меѓународен знак што го означува потеклото на сите добра од грчката Македонија, големата Македонија на Александар Велики“.

На крајот од обраќањето, Мицотакис ги искористи зборовите на поранешниот грчки премиер Елефтериос Венизелос, напишани во ноември 1909 во весникот „Кирикс Ханион“, кога издавач и директор бил дедото на актуелниот премиер на Грција.

„Со балканските народи, сакале или не, и во иднина ќе живееме како соседи. Заедничкиот интерес ја наметнува основната обврска, преку взаемни отстапки, воспоставување на добри односи“, рече Мицотакис, цитирајќи го Елефтериос Венизелос.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ