• Latest

Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува договорот

June 26, 2018

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува договорот

June 26, 2018 09:26
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку договорот е веќе ратификуван од Парламентот, просторот за маневри што ќе го имаме ќе биде многу мал, вели претседателот на Нова демократија во однос на тоа што би направил доколку како идна влада, договорот со Македонија е веќе ратификуван од Парламентот.

Кирјакос Мицотакис, во интервју за грчката телевизија „Скај“, уште еднаш го повтори ставот на партијата дека нема да ја поддржат ратификацијата на договорот и ќе гласа против.

– Нашиот главен приговор за договорот е фактот што господинот Ципрас отстапи нешто за што ниту една претходна влада не сакаше да разговара, за јазикот и за националноста. Односно за суштината на иредентизмот, вели Мицотакис.

На прашањето дали доколку договорот ги содржеше термините „Северномакедонци и „северномакедонски јазик“, ќе беше прифатлив за Нова демократија, Мицотакис вели дека „тоа сигурно ќе беше чекор во правилна насока“.

– Договорот што го потпиша господинот Коѕијас целосно ги отстапи јазикот и националноста на нашите северни соседи, Македонците, како што тие сега се самонарекуваат. Бидејќи тие го имаат правото да се самонарекуваат, не само да се самоопределуваат, туку и правно да се определуваат како Македонци, додаде Мицотакис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на Нова демократија, во интервјуто за „Скај“, рече дека по неговата посета на северна Грција, она што дополнително отвора прашања е трговската употреба. Мицотакис објасни дека разговарал со компании што ја користат придавката „македонско“ и „македонски“ за да го одредат името на компанијата.

– Што ќе правиме? Ќе чекаме пет години за да се решат овие трговски спорови? Со други зборови, договорот, освен главното прашање со националноста и јазикот има и многу други проблеми. И да ви кажам уште нешто. Зошто толку брзање? Зошто толку брзање да се потпише сега договорот?, вели претседателот на Нова демократија.

Мицотакис објаснува дека доколку се одржале избори како што тој барал во изминатите две години, тогаш како премиер немаше да го прифати конкретниот договор.

– Ќе преговарав, но овој договор немаше да го прифатам. И ако требаше да не се согласам, немаше да се согласам. Не бевме обврзани по секоја цена да најдеме сега решение кое што им одговара на Скопјаните, повеќе од што ни одговара нам, вели Мицотакис за ТВ „Скај“, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ