• Latest

Мицотакис: Ципрас направи национална отстапка со македонскиот јазик и националност

October 9, 2018

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицотакис: Ципрас направи национална отстапка со македонскиот јазик и националност

October 9, 2018 09:55
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Алексис Ципрас направи национална отстапка со македонскиот јазик и македонската националност,  каква што ниедна претходна влада не беше подготвена да направи, смета лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

При неговата посета на градовите од Епир, Арта и Превеза, претседателот на најголемата грчка опозициска партија одржа прес конференција и го обвини грчкиот премиер дека не ги чул ставовите на грчкиот народ.

– Доколку разговараше со грчкиот народ ќе ги имаше слушнато неговата чувствителност, неговата загриженост, и немаше да продолжи кон потпишување на Договорот од Преспа. Ќе имаше сфатено дека отстапувањето македонски јазик и македонска националност на соседната земја претставува многу важна национална отстапка. Национална отстапка каква што не беше подготвена да направи ниту една претходна влада. А ја направи господинот Ципрас, рече лидерот на грчката опозициска партија, одговарајќи на новинарско прашање.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис повтори дека Нова демократија, нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во сегашниот, ниту доколку остане за следниот парламент.

– Ако овој договор уставно не се ратификува од соседната земја, ако соседната земја не го смени Уставот, тогаш сметам дека во суштина почнуваме од нула. Сметам дека нема да постои договор, што значи дека ќе ги почнеме преговорите од почеток. Доколку договорот, пак, се ратификува од соседната земја, нашата позиција не се менува. Сметаме дека е лош договор и Нова демократија нема да го ратификува ниту сега, ниту кога прашањето ќе дојде кај нас, во следниот парламент, рече Мицотакис.

Лидерот на Нова демократија, го повтори и неговиот став дека Договорот од Преспа веќе произведува низа завршени работи кои „како што одат напред чекорите за имплементирање на договорот, толку станува потешко да се променат, особено во однос на процесот за членство во НАТО“.

Мицотакис додаде дека тие ги искористиле сите средства што им биле на располагање за да се спречи потпишувањето на договорот и ја спомена и доставената иницијатива за гласање недоверба на владата за сите да си преземат одговорност.(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ