• Latest

Мобилната апликација „мЗаедница“ добитник на Европската награда за млади 2019

October 2, 2019

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Мобилната апликација „мЗаедница“ добитник на Европската награда за млади 2019

October 2, 2019 15:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Мобилната апликација „мЗаедница“ изработена од проектен тим од земјава е победник во категоријата Активно граѓанство – дигитално решение со влијание врз општеството, одлучи жири Комисијата на Европската награда за млади (European Youth Award 2019) на средбата во Сараево.

„мЗаедница“ е иновативно дигитално решение за активно граѓанско учество на Центарот за Социјални Иновации Блинк 42-21“ продуцирана од проектниот тим Зорица Велковска, Моника Јандревска, Кристијан Трајковски и Симон Стојановски и проектниот директор Милан Танчески. Европската награда за млади, како што соопштуваат од Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21, е уникатно европско движење кое ја наградува креативноста и ентузијазмот на младите креатори на дигитални содржини кои веруваат во моќта на технологијата и интернетот за да влијаат врз општеството и да го направат светот подобро место за живеење. Европската награда за млади е дел програмата на Европската Унија – Европа за граѓаните и ги поддржува социјално вредните дигитални проекти кои се однесуваат на целите дефинирани од Советот на Европа, Европа 2020 и Платформата за знаење за одржлив развој на Обиденетите Нации.

-Нашиот тим имаше визија да го редефинира концептот на граѓанско учество со воведување нови и иновативни начини преку кои граѓаните можат да влијаат во локалната заедница. Целта ни беше да креираме дигитална алатка која ќе го користи концептот на мобилно учество (м-учество) за зголемување на граѓанското учество во акциите и процесот на донесување одлуки на локално ниво. „мЗаедница“ им овозможува на граѓаните и локалната самоуправа да придонесуваат за подобрување на заедницата “во секое време, на секое место, посочува Зорица Велковска, Проектен Менаџер и ко-основач на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21.

На финалниот дел од овој натпревар, кој се одржа во Сараево Комсијата одлучуваше меѓу 45 иновативни дигитални проекти кои можат да влијаат врз општеството во седум категории. Официјалното доделување на наградата ќе се одржи на Фестивалот во Грац, Австрија од 27 до 30 ноември 2019 година.

-мЗаедница го адресира секојдневниот проблем на политичката летаргичност на многу креативен начин. Тимот на БЛИНК 42-21 треба да биде инспирација за младите, укажувајќи што може да се постигне преку силата на дигитализацијата. Ни претставува големо задоволство што ќе имаме можност да го почувствуваме нивниот дух и пасија на  Фестивалот за доделување на Европската награда за млади. Само замислете, 400-тини млади ќе дојдат на фестивалот за да се инспирираат и поддржат, вели Бригит Колб, Проектен Менаџер на Европската награда за млади.

Интерактивната дигитална платформа, мЗаедница, е составена од мобилна апликација и административен панел за поддршка на граѓаните и општината за да создадат подобра заедница.

„мЗаедница“ е достапна за паметни телефони кои користат оперативни системи на Андроид и ИОС и дава можност секој граѓанин да пријави проблем, да презентира решение и да започне иницијатива во заедницата.

„мЗаедница“ успешно се користи во општина Карпош, а е прилагодлива за секоја општина и на кој било  јазик/ци по потреба. „мЗаедница“ е дел од проектот „Вклучена младина за м-партиципација“ кој е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share81Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ