• Latest

На одвикнување од видео игри во Белград годишно се лекуваат околу 30 деца

February 22, 2020

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу: Комисијата ги анализира случаите на операција на срце, извештајот ќе биде јавно објавен

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Гардијан

Видео со Трамп и Епштајн проектирано на замокот Виндзор пред посетата на американскиот претседател, четворица уапсени

September 17, 2025
фото: страница Убијците на Кочани

Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

September 17, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

На одвикнување од видео игри во Белград годишно се лекуваат околу 30 деца

February 22, 2020 11:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Проблеми со видот, атрофија на мускулите, вишок на килограми, како и прескокнување оброци, повлекување во себе, епилептични напади, се само некои од последиците од зависност од видео игри.

Минатиот викенд девојче (17) од Белград доживеало епилептичен напад откако четири ноќи играла игри и гледала филмови на телефон. Тинејџерката била примена во Брза помош и иако не и била дијагностицирана епилепсија, докторите предупредуваат дека постои термин „ТВ епилепсија“, односно напад предизвикан од видеоигрите.

Проблемот со зависноста од видео игрите се јавува уште од мали нозе, изјави за „Блиц“ д-р Ивица Марковиќ, раководител на Клиниката за болести и зависности, Институт за ментални болести во Белград и раководител на дневна болница во која лежат и оние кои се неспособни сами да ги контролираат нагоните кога се во прашање видео игрите. Децата уште од две или три години одлично управуваат со телефоните, компјутерите.

Почнува од тоа дека прво само гледаат видеа, а потоа на возраст од седум-осум години се вклучуваат во интерактивни видео игри што се играат со повеќе играчи и се популарни кај лицата од детска возраст до средна возраст, предупредува Марковиќ.

Годишно на Институтот за ментални болести во Белград се хоспитализирани од 20 до 30 деца, а во 90 отсто од случаите се машки деца. Интерактивните игри се многу популарни меѓу момчињата на тие години. И момчињата и девојчињата се под голем ризик, но мислам дека момчињата не се доволно зрели и полесно се навлекуваат на видео игри.

Проблемот со видео игрите се повеќе ќе биде присутен во општествата. Од оваа година на Институтот имаме специјална програма за лекување зависност од видео игри и интернет, што е единствена програма за лекување лица постари од 18 години. Се плашам дека за неколку години ќе станат доминантни кај нас во Клиниката, предупредува Марковиќ.

Часови и часови поминати на интернет, запоставување на друштвото, лоши резултати на училиште како и поразличен однос кон родителите, е аларм дека нешто се случува со детето.

Еден од клучните критериуми е зголемена толеранција, односно времето кое е потребно да се помине во некоја активност, во овој случај видео игрите. Почнува со половина час, еден час, два, три и се сведува на тоа да поминат неколку дена занимавајќи се само со видео игри. Од друга страна кога ќе се обидете да им ги одземете видео игрите, децата стануваат агресивни кон себе и другите. Потоа, желбата за играње видео игри станува толку заразна што се јавува биолошка потреба за нив и единствено играњето може да ги смири, објаснува психијатарот Марковиќ.

Тогаш децата губат чувство за време за други значајни активности.

Децата живеат во свој виртуелен свет до ниво што тоа веќе станува втор живот и создаваат ново алтер его. Се исклучуваат од реалниот свет и ги заменуваат своите пријатели со оние од виртуелниот свет. Дури ги запоставуваат и основните потреби, како храна или вода. Децата кои неколку денови не внесуваат храна или вода создаваат метаболички дисбаланс, со што многу од нивните органи се оштетуваат, а најмногу мозокот. Од друга страна мозокот преку очите е изложен на големо зрачење кое доведува до исцрпување, односно конвулзивен напад или губење на свест, истакна Марковиќ и додаде дека децата првично завршуваат во болница поради телесни проблеми, а потоа се утврдува дека се всушност зависни од видео игри.

Тоа е период кога децата не се формирани како личност и не знаат како би изгледале доколку не постои виртуелниот свет.

– Во нашата дневна болница доаѓаат деца на возраст од 13, 14, 15 години кои се зависници од видео игри. Тоа е поразувачки во смисла на развој на личноста или остварување потенцијал. Од друга страна немаат можност да споредат што е реалноста и тешко е да излезат од тој виртуелен свет. Децата се спротивставуваат, кршат предмети во куќата, стануваат агресивни кон себе, но и кон родителите, истакна Марковиќ.

Во ситуации кога детето ќе им каже на родителите „Дај ми го тоа или ќе се убијам“, е најтешка ситуација во која родителите можат да се најдат.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    213 shares
    Share 85 Tweet 53
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ