• Latest

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (1 дел)

September 2, 2020

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

May 8, 2025

Зголемени затворските казни за дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

May 8, 2025

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (1 дел)

September 2, 2020 21:26
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Општа оценка за медиумското известување за изборниот процес

Парламентарните избори на 15 јули беа први откако Северна Македонија се извлече од децениското владеење на Никола Груевски, што ги гушеше директно медиумските слободи и го правеше изборниот натпревар нееднаков за учесниците во него, при што владејачката партија имаше огромно влијание врз поголем дел од најголемите и највлијателните медиуми во земјата, особено за време на изборните процеси, што се констатираше и во извештаите на меѓународните набљудувачи[1].  Неколку години потоа, иако медиумската сфера во земјата и според угледни меѓународни медиумски организации постигна неколку мали но значајни напредоци[2], тие се очигледно недоволни за медиумското известување за изборниот процес да се оцени како претежно професионално или лишено од влијанија на центри на моќ, а предизвиците се уште поголеми, ако се земе предвид се поголемиот замав на жестоката пропаганда, дезинформациите и офанзивната јавната комуникација на се повлијателните онлајн платформи и социјални мрежи, која често преоѓа во екстремни форми на вербално насилство и говор на омраза.

Неколкуте значајни успеси во ослободување на медиумите од притисокот на државата и клиентелистичките спреги со власта, влијаеа на начинот на кој се известуваше за кампањата во традиционалните медиуми. Тоа се забележува, пред сè, во известувањето на највлијателните национални телевизии[3], каде што е видлива разликата во начинот на информирање за претходните  и овие парламентарни избори. Се забележува и тоа дека речиси сите влијателни национални телевизии, со исклучок на една ТВ куќа, Алфа ТВ, која има изразито негативен тон кон актуелната власт, известуваа претежно коректно за главните политички актери, а дека критичкиот тон кон власта и институциите е далеку  поприсутен кај сите медиуми, отколку што тоа беше случај со претходните парламентарни избори и кампањи

Од друга страна, оваа слика се наруши со интервенционизмот на политичките партии и менувањето на изборната легислатива, која го допре и делот на медиумското финансирање, со што и кампањите на политичките партии паѓаат на товар на државниот буџет и граѓаните[4]. Но, уште поголема дамка на општиот впечаток за подобрување на односот на институциите кон медиумите фрлија арбитрарните и нелогични одлуки и ставови на независниот регулатор АВМУ и неговото раководство (на кои реагираше и новинарското здружение)[5] со кои влијателни медиуми беа посочени како прекршувачи на изборниот молк, како и неколкуте повици на граѓани на информативни разговори во МВР поради наводно доведување на гласачите во заблуда преку повици да се чкрта придавката „Северна“ од гласачките ливчиња. И во двата случаи, за време на дводневниот молк, повеќе граѓански организации и политички партии ги осудија овие постапки на институциите.

Констатацијата дека малите подобрувања во општата слика не донесоа значајно поместување во начинот на известување, пред сè се темелат на евидентната експлозија на пропагандата, дезинформациите и омразата во светот на онлајн информациите и социјалните мрежи, чие влијание е веќе речиси еднакво со традиционалните медиуми, а кај некои возразсни групи и доминантен начин на информирање и комуникација.

Дополнително, според повеќе стручни истражувања, медиумите и редакциите не претставуваат филтри кои прават до крај доследна селекција, анализа и обработка на информациите и ставовите што ги нудат изворите и оние што сакаат да влијаат на медиумската агенда, туку најчесто само ги пренесуваат, и ретко излегуваат од рамката на настани што ја градат други, а не самите редакции и јавниот интерес[6]. А, она што недостасува веќе хронично кај медиумите, видено не само во повеќе изборни циклуси наназад во земјата, овојпат се манифестираше во уште поизразена форма.

Тривијализацијата на медиумите и дебатите доведе до состојба во која медиумите се ставаат речиси исклучиво и само во улога на пренесувачи на ударни, бомбастични и шокирачки ставови и пораки на политичките и економските субјекти, а не филтри низ кои до граѓаните се пропуштаат информации вредни за нивниот, јавниот интерес. Медиумите, и овојпат, беа некритички пренесувачи на речиси се што им беше сервирано од политиката и оние со екомомска моќ.  Студијата и медиумските платофрми, наместо арени за дебата и соочување на аргументи, се претворија во гладијаторски арени за меѓусебно надмудрување, навредување, клеветење, ширење дезинформации и омраза. Во ваква атмосфера, освен на неколку медиуми кои се капка во океанот, понудата на политичките актери речиси и да не беше предмет на дискусија, анализа, толкување на стручњаци и посуштинска анализа на остварливоста на ветувањата. Граѓаните повторно не добија можност да направат информиран избор.

Наместо тоа, добивме кампања во која доминираа аудио „бомби“, црна пропаганда, дезинформации, клевети, омраза. Оттука, делумното подигнување на стандардите на известување, пред сè преку отсуство на отворена тенденциозност и навивање кај неколку мејнстрим медиуми, е само мал зрак на светлина, во целосната слика која е прилично затемнета од зголемената радикализација на политичката дебата, доминација на дезинформациите и оркестрираното јавно оцрнување на неистомислениците.

Тоа произведува дополнителна политичка поларизација и поделби меѓу граѓаните, кои се понатаму се манифестираат преку говорот на омраза, закани и повици за насилство па и реално насилство.   Овој начин на јавна комуникација е  особено видлив на Интернет и социјалните мрежи, Поголем дел од политичките актери што се натпреваруваат на овие избори, ниту штедеа, ниту избираа средства во борбата со политичките противници. Од друга страна, значаен дел од порталите, наместо информации од јавен интерес и анализирање на понуда, или некритички, па дури и навивачки пренесуваа ставови и информации сервирани од центрите на моќ и пропаганда.

Поединечните случаи на агресивна црна пропаганда која преоѓаше често во говор на омраза што ги регистрираше мониторинг-тимот на Цивил се бројат во стотици, а беа детектирани и над 80 случаи на оркестрирано и истовремено споделување на содржини кои содржат дезинформации или елементи на говор на омраза од повеќе извори, за само три недели колку што официјално трае изборната кампања.

Но, уште позагрижувачко е тоа што омразата која доминираше во виртуелниот, во оваа кампања, не ретко се прелеваше и во реалниот свет. Поларизацијата и радикализацијата на комуникацијата резулитираше и со не така мал број на инциденти, директни закани со оружје, физички вандализам, физички напади и насилство. Нападите се насочени кон партии, нивни лидери, истакнати поединци во кампањата, но и кон други –  граѓански организации и активисти, новинари, јавни личности, па дури и кон сосем обични граѓани, кои воопшто не се дел од изборниот натпревар.

За да се постигне такво ниво на антагонизам, спротивставување, непријателство и омраза помеѓу спротивставените страни во јавната комуникација, секако послужија главните теми на кои дебатираа политичките конкуренти, а кои го диктираа темпото на јавната комуникација. Соодветно на тоа, темите беа оние што со години, а и сега, поттикнуваат поделби меѓу граѓаните: прашањето за името и Преспанскиот договор, договорите и односите со соседните земји, меѓуетничките односи и Рамковниот договор, меѓусебните обвинувања за случаи на корупција и криминал итн. Она што е индикативно е дека дури и комуникацијата за Ковид-19 пандемијата, која беше доминантна во медиумските содржини надвор од изборниот процес, беше ставена во функција на пропаганда и дискредитација на политичкиот противник, а малку партии зборуваа за начините на кои ќе се справи општеството со пандемијата која очигледно ќе трае најмалку до крајот на годинава и повеќе,  а уште повеќе со предизвиците на економската криза кои се веќе пред врата.

Констатација што може да се извлече по оваа кампања е дека, како никогаш досега, малку беа политичките опции, кои во овој изборен натпревар влегоа фокусирани на понудата и објаснување на нејзината остварливост пред граѓаните. Иако, на прв поглед, доминантните политички партии имаа организирани кампањи насочени кон објаснување на нивните програми со кои го бараа гласот на граѓаните, се повидлива е „инвестицијата“ која што и партиите и другите центри на моќ ја насочуваат во црната пропаганда, особено на влијателните социјални мрежи и онлајн платформи за комуникација. Ова е особено забележливо кај неколку опозициски партии во тнр. „македонски блок“, но и за владејачката ДУИ кај политичките партии на Албанците.

Колку за илустрација, политичките партии на овие избори потрошиле над половина милион, или речиси 549.000 евра за рекламирање на портали во земјата, од кои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ речиси половина од тоа – 272.000 евра, по што следуваат ДУИ со 134.000 евра, коалицијата предводена од СДСМ потрошила 69.000 евра, а значајни средства издвоила и коалицијата „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ предводена од Единствена Македонија на Јанко Бачев – 30.000 евра[7].

Ако на тоа ги додадете парите што ги трошат партиите за рекламирање на Фејсбук, Твитер и други социјални мрежи, средства кои никој не ги објавува но се далеку од безначајни, ако на тоа ги додадете средствата што се потребни за да се организираат (или купат) фарми на споделувачи на содржини, произведувачи/продуценти на содржини, софтвери, тие средства се веројатно неколкукратно поголеми. Дури и обична проверка укажува дека најголем дел од тие содржини немаат основна информативна вредност, но и дека токму онлајн пропагандата од хоби на партиски активисти, станува сериозна инвестиција, за сериозно влијание врз јавното мислење.

Оттука, и одговорноста за недостатокот на јавна дебата за понудата и нејзино минимално присуство во медиумскиот треба да биде споделена: меѓу оние некреативни политички елити кои понудата ја заменија со деградирање на јавната комуникација и омраза на противникот, но и медиумите, кои наместо на бидат артикулатори на јавниот интерес и да инсистираат на понуда, стануваат заложници на овие центри на моќ и нивни орудија во манипулација на граѓаните и јавното мислење.

(продолжува)

 


[1] „...OSCE/ODIHR EOM media monitoring showed that the majority of monitored media was largely biased in favour of the ruling party and its presidential candidate and mainly negative against the main opposition party and its candidate. The media often failed to distinguish between the coverage of officials in their capacity as ministers and as candidates...“, INTERNATIONAL ELECTION OBSERVATION MISSION (IEOM) The former Yugoslav Republic of Macedonia, Presidential and Early Parliamentary Elections, 27 April 2014, достапно на https://www.osce.org/files/f/documents/1/2/118078.pdf

[2] World Press Freedom Index 2020, North Macedonia https://rsf.org/en/north-macedonia

[3]„…Со тоа телевизиите МТВ 1, Сител, Алфа и Канал 5 покажаа дека ја напуштиле уредувачката конвергенција што беше карактеристична за нив пред една или две години, како што покажуваа истражувањата од тој период. ТВ Алфа е единствената телевизија што задржа дел карактеристики на уредувачката политика од тој период, ТВ Канал 5 покажува потенцијали за попрофесионална обработка на темите од претходно, додека ТВ Сител и особено Првиот програмски сервис МТВ 1 го замениле

пропагандистичкиот пристап со претежно трансмитивно пренесување на информациите во врска со актуелните случувања во неделата кога бил спроведен мониторингот...“, Анализа: Разноликост во известувањето на централните информативни изданија кај најгледаните ТВ-канали во Македонија, стр. 10, автор Гоце Трпковски, уредник Весна Никодиноска, МИМ 2018, достапно на https://mim.org.mk/attachments/article/1090/Analiza_Raznolikost%20vo%20izvestuvanjeto_WEB.pdf

[4] Despite judicial interpretation that legislative powers of the government during an emergency state shall be calibrated to the emergency needs, the binding governmental decrees covered a vast area of public life, including electoral procedures within the competence of other institutions under the Electoral Code, substituting their decisions. The decrees regulated the resumption and conduct of the electoral process, the validity of previously completed procedures, voter registration, campaigning in the media, and established standards and procedures for compliance with health protocols, including an additional voting day for COVID-19 positive voters and those in self-isolation. The governmental regulations on indoor and outdoor events lacked consistency and consolidation, undermining legal certainty and implementation. Overall, the constant generation of amendments to the decrees tainted the general understanding of their substance and validity. https://www.osce.org/files/f/documents/f/d/457408.pdf

[5] Потенцираме дека вршење притисок врз медиум е сериозно дело, и наместо да ја прераскажува таа пријава од директор на една телевизија, на седница на советот, директорот Трајчевски требал да ги приложи доказите до советот, а АВМУ да се обрати до надлежните институции и органите на прогонот да поведат соодветна постапка. Постапување на овој начин, со лично етикетирање медиуми и нивната професионалност во политички контекст, сето тоа без приложени докази, е непрофесионално и тенденциозно од страна на директорот на АВМУ, во случајов на штета на ТВ Телма и Алсат М. https://znm.org.mk/%D0%B7%D0%BD%D0%BC-%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B2%D0%BC%D1%83-%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%84%D0%B5%D1%81%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB/

[6] „..Бројот на прилози за теми што излегуваат од рамката на актуелните случувања е премногу мал на сите телевизии, а бројот на истражувачки прилози е уште помал. Телевизиите премалку ги користат своите капацитети за да излезат од агендата на дневното информирање и да наметнат сопствени теми од јавен интерес. Во таа насока потребно да го зголемат бројот на прилози во кои се обработуваат теми што не се поврзани со дневните случувања, туку со хронични проблеми во општеството или со непознати случувања од јавен интерес, како истражувања, анализи и репортажи, што пак, бара повеќе време и ресурси за нивно продуцирање“, Анализа: Разноликост во известувањето на централните информативни изданија кај најгледаните ТВ-канали во Македонија, автор Г.Трпковски, уредник В.Никодиноска, МИМ 2018, https://mim.org.mk/attachments/article/1090/Analiza_Raznolikost%20vo%20izvestuvanjeto_WEB.pdf

[7] „Половина милион евра за изборни реклами на порталите“, Призма, 11 август 2020, автор Владо Апостолов, достапно на  https://prizma.mk/polovina-milion-evra-za-izborni-reklami-na-portalite/
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. 
Print Friendly, PDF & Email
Share46Tweet29Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ