• Latest

НБРМ: Поповолна состојба во економијата во вториот квартал

July 26, 2018

УЈП: „МојДДВ“ се соочува со технички проблеми и работи со прекини

June 28, 2025

Грузиската опозиционерка Елена Хоштарија започна штрајк со глад

June 28, 2025

Локалните самоуправи ги добија парите од унгарскиот кредит

June 28, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, потпишаа договор со паневропското тело за човекови права, Советот на Европа, за формирање специјален трибунал за судење на високи функционери одговорни за руската инвазија на Украина, Стразбур, 25 јуни 2025.

Трибунал за државата-агресор Руската Федерација

June 28, 2025
Џабир Дерала, насловна фотографија на интервју за УКРИНФОРМ (фото: Б. Јордановска за УКРИНФОРМ)

Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина не треба да биде високо на агендите, туку дека е самата агенда!

June 28, 2025
Фото: Скриншот

Трамп очекува прекин на огнот наредната недела во Појасот Газа

June 28, 2025

Николоски  се сретна со бугарскиот колега Караџов, договорена нова средба за придвижување на работите на железничкиот Коридор 8

June 28, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Напад на руски дрон во Одеса, две лица загинаа, повредени најмалку 14

June 28, 2025

Во Техеран масовна церемонија за погребот на 60 убиени од нападите на Израел

June 28, 2025
Фото: МИА

Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

June 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

НБРМ: Поповолна состојба во економијата во вториот квартал

July 26, 2018 13:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Народната банка на Република Македонија денеска го разгледа и усвои најновиот Квартален извештај, при што повторно беше истакнато дека по олабавувањето на монетарнaта политика кон крајот на првото тримесечје, основната каматна стапка остана непромената на нивото од 3,00%. 

На девизниот пазар, и во текот на вториот квартал од годинава, движењата беа поволни, при што НБРМ и натаму интервенира со нето-откуп на девизи од банките поддржувачки. Девизните резерви и во второто тримесечје остварија раст и според сите показатели за адекватност, тие и натаму се одржуваат во сигурната зона. Поволни поместувања се забележани и кај депозитната база на банките, која и во овој период забрзано расте, соопшти НБРМ.

Во однос на изворите на ризици, поголеми промени во споредба со априлските согледувања не се констатирани. Сепак, ризиците од надворешното окружување, во текот на кварталот, беа оценети како малку понеповолни, а главно поради неизвесноста околу ефектите врз глобалниот економски раст од сѐ поголемиот трговски протекционизам и засилениот раст на цените на нафтата на светските берзи. Ризиците поврзани со домашното окружување беа оценети како помалку изразени во однос на претходниот период.

На седницата беше заклучено дека споредбата на последните макроекономски показатели од домашната економија со нивната проектирана динамика во рамки на априлскиот циклус проекции покажа извесни отстапувања. Ова, пред сè, се однесува на економската активност, со оглед на првичните податоци за БДП во првиот квартал на 2018 година. Но, истовремено беше потенцирано и дека иако расположливите податоци за вториот квартал не се многубројни и воедно се дивергентни, главно упатуваат на малку поповолна состојба во економијата во споредба со првиот квартал.

Во периодот април-јуни годинава, стапката на инфлација изнесуваше 1,5%, во просек, на годишна основа, во најголем дел како резултат на растот на базичната инфлација, но позитивен придонес имаа и прехранбената и енергетската компонента. Во Извештајот е забележано дека инфлацијата во второто тримесечје од годинава е под очекуваната за кварталот во рамки на априлската проекција, што заедно со нагорната ревизија на очекувањата за увозните цени упатува на врамнотежени ризици за проектираната инфлација за 2018 година.

Податоците од надворешниот сектор презентирани во Кварталниот извештај, гледано преку позицијата на билансот на плаќања, упатуваат на отсуство на нерамнотежи и на релативно поволна надворешна позиција на економијата. Во првото тримесечје, дефицитот во тековната сметка се задржа на релативно ниско ниво и изнесуваше околу 1,5% од БДП. Од друга страна, нето-приливите во рамки на финансиската сметка достигнаа околу 4% од БДП, што претставува поповолно остварување во однос на априлските очекувања. Овие поместувања во билансот на плаќања доведува до пораст на девизните резерви во првото тримесечје, којшто продолжи и во вториот квартал од годината, при поволни движења на девизниот пазар и нето-откуп на девизи од страна на НБРМ.

При разгледувањето на Извештајот, одделно беше истакнато дека во текот на вториот квартал на оваа година, кредитната активност на банкарскиот сектор оствари раст, при што поголем придонес кон растот на активноста на кредитниот пазар имаше секторот „домаќинства“. Сепак, истовремено, и кредитирањето на корпоративниот сектор беше исто така солидно и имаше висок придонес кон кварталната промена на активноста на кредитниот пазар. На годишна основа, кредитниот раст на крајот на вториот квартал од годинава достигна 6,3%.

Во однос на изворите на финансирање, забележан е забрзан раст и на депозитната база. Годишниот раст на вкупните депозити на крајот на јуни достигна 10,5%, што е исто така над последната проекција од 7,4%. Забрзувањето на растот кај депозитите во вториот квартал произлегува од депозитите на претпријатијата, со натамошен позитивен придонес на депозитите на домаќинствата. Се очекува дека позитивните трендови кај депозитната база на банките ќе продолжат и во следниот период, обезбедувајќи стабилни извори за финансирање на кредитниот раст, којшто според априлската проекција, во следните две години би се движел помеѓу 6,5% и 7,7%.

На седницата беше заклучено дека и покрај тоа што последните макроекономски показатели и оцени во одредени сегменти упатуваат на извесни отстапувања во однос на проектираната динамика, тие засега не предизвикуваат поголеми промени во согледувањата за амбиентот во кој се спроведува монетарната политика. Се очекува дека домашната економија и натаму ќе биде поддржана од кредитната активност на банките, во отсуство на инфлациски притисоци и задржување на поволната надворешна позиција, којашто ќе овозможи одржување на девизните резерви во сигурната зона. Истовремено беше истакнато и дека НБРМ и натаму внимателно ќе ги следи состојбите и случувањата во домашната економија и особено во надворешното окружување, како извор на потенцијални ризици, заради навремено и соодветно приспособување на монетарната политика за успешно остварување на монетарните цели, соопшти НБРМ. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ