Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на социјалните мрежи сподели информација за воведување на нова авиолинија од Скопје до Ларнака, во Кипар, која ќе стартува од 31 октомври.
-Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар! Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, напиша Николоски на неговиот официјален фејсбук профил на пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј.
Тој најави дека продолжуваат активностите на Владата за развој на авиосообраќајот во земјава.
-Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати. Продолжуваме да работиме на развојот на авиосообраќајот во Македонија, наведува Николоски.