• Latest

Новата бугарска влада положи заклетва откако беше одобрена од Парламентот

June 6, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Новата бугарска влада положи заклетва откако беше одобрена од Парламентот

June 6, 2023 16:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Народното собрание на Бугарија на вонредна седница ги одобри структурата и составот на новата бугарска влада со премиерот академик Николај Денков, вицепремиерката Марија Габриел и 18 министри, по што кабинетот „Денков-Габриел“ положи заклетва пред Народното собрание „во името на Република Бугарија да ги почитува Уставот и законите на земјата и во сите нивни постапки да се раководат од интересите на народот“.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. 

Структурата на Советот на министри беше одобрена со 132 гласа „за“, 69 „против“, без „воздржани“. Составот на владата го изгласаа 131 пратеник, 69 беа против, а воздржани немаше.

Во својот говор на почетокот на собраниската седница, Денков прецизираше дека тој ќе биде премиер во првите девет месеци, а Габриел (ГЕРБ-СДС) во вторите девет месеци.

Академик Денков се обврзува кабинетот да донесе буџет со три проценти дефицит, да ги исполни преземените обврски од меѓународната програма, да работи за влез на Бугарија во Шенген и во еврозоната, да работи во тесна координација со Народното собрание за спроведување на законодавната програма, вклучувајќи и измени на Уставот.

Приоритетите на новата влада, кои ги претстави Денков, се: итно доставување до Народното собрание буџет со дефицит до 3 отсто со зачувани социјални плаќања и без зголемување на даноците; реализација на меѓународните приоритети за Шенген и Еврозоната; тесна соработка со социјалните партнери за рамномерен развој на економијата и човечките ресурси со посебен фокус на науката, иновациите и образованието; да работи во тесна координација со Националното собрание за спроведување на законодавната програма, вклучително и измени на Уставот.

За Габриел, која во првите девет месеци ќе биде вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Денков изјави дека нема посоодветен партнер на европските институции од доскорешниот бугарски еврокомесар за да бидат решени важните меѓународни приоритети. Тој го претстави предлог-кабинетот и ги истакна квалитетите на кандидатите за министри.

Кабинетот е составен од:

Премиер – академик Николај Денков

Вицепремиер и министер за надворешни работи – Марија Габриел

Министер за финансии – Асен Василев

Министер за внатрешни работи – Калин Стојанов

Министер за регионален развој и јавни работи – Андреј Цеков

Министер за труд и социјална политика – Иванка Шалапатова

Министер за одбрана – проф. Тодор Тагарев

Министер за правда – проф. Атанас Славов

Министер за економија – Богдан Богданов

Министер за енергетика – Румен Радев

Министер за образование и наука – проф. Галин Цоков

Министер за здравство – проф.д-р Христо Хинков

Министер за животна средина и вода – Јулијан Попов

Министер за иновации – Милена Стојчева

Министер за земјоделство и храна – Кирил Ватев

Министер за транспорт и врски – Георги Гвоздеиков

Министер за електронско владеење – Александар Јоловски

Министер за култура – Красто Крастев

Министер за млади и спорт – Димитар Илиев

Министер за туризам – Зарица Динкова

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ