• Latest

Нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид

September 6, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид

September 6, 2018 12:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска усвои Предлог-закон за нов анекс на Договорот за изградбата на автопатот Кичево – Охрид во должина од 57 километри со кинески „Синохидро“, а со кој се овозможува ослободување на 205 милиони евра од претходно обезбедените финансии за проектот, со што ќе се интензивираат градежните активности на терен и ќе се овозможи исплата на домашните компании ангажирани како подизведувачи.

Со предлогот е предвидено со нов, трет анекс, пак, што би се склучил околу 10-ти следниот месец да се утврдат цените за дополнителните градежни работи неопходни за одблокирање на проектот што беше во застој поради проблеми со проектната документација, несоодветни геомеханички испитувања, нерешена експропријација на земјиштето.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по денешната седница на Владата најавија дека законот уште денеска ќе биде испрати во Собранието. Со тоа, како што истакнаа, почнува да се решава проблемот за овој капитален проект, кој заедно со планираното интензивирање на работите за железничката делница Куманово – Бељаковце и за гасоводот треба да овозможи подобрување на состојбите во градежништвото по големиот пад во изминатиот период.

Анѓушев појасни дека Владата одлучила да го продолжи проектот затоа што согласно со договорот што го склучила претходната власт со „Синохидро“, реалната состојба на терен и обврските што не ги исполнила македонската страна, изведувачот најавил низа жалби со кои ќе се плателе големи оштетни побарувања и можело да дојде до ситуација и воопшто да не се изгради патот. Во таква ситуација ќе имало огромни штети за ангажираните домашни компании и ќе се предизвикал домино ефект врз целата економија. Со помош на домашни и странски експерти и консултанти успеале да договорат „Синохидро“ да се откаже од жалбите, а услов за македонската страна со преговарите кои се во завршна фаза е значително намалување на разликите во цените со подизведувачите согласно  ФИДИК правилата.

– Од она што го имавме како евиденција цените коишто се плаќани од страна на нашите претпријатија кон „Синохидро“, а понатаму за истите тие работи кај што работеле подизведувачите што „Синохидро“ ги платил кон македонските подизведувачи, во просек има разлика во цената од 56 проценти. Тоа е така направено во основниот договор, а ние тоа не можеме да го продолжиме. Апсолутно беше услов и без тој услов не продолжуваме, односно тие разлики во цените да се намалат и да бидат согласно ФИДИК правилата, да има цена на подизведувач, признаен трошок на изведувачот…, рече Анѓушев.

Во преговорите, дополни, мислам дека тие разлики  ќе ги намалиме до 10 проценти, што значи дека ќе се направи 46 проценти разлика во цената за дополнителните количини кои се надвор од договорот, и кои ќе следат, а кои се предизвикани од дополнителните клучки, усеци, регионални патишта, и промена на технологија на тунелот.

Очекува во септември, октомври и доколку дозволат временските услови и во текот на зимата, интензивно да се работи и да има сериозна градежна офанзива на оваа делница.

Како што укажа министерот Сугарески, се ослободуваат 205 милиони евра кои ќе можат да се користат по сите ставки бидејќи согласно основниот Договор дел од средствата за одредени ставки не можеле да се користат. – Со овој Предлог закон завршуваме работа за два момента,  едниот дел е да продолжи изградбата на сегментите каде е застаната, а вториот е  да може да се вршат плаќањата на кинеската компанија кон другите компании кои работат, рече Сугарески.

За изградбата на автопатската траса во должина од 57 километри ќе треба да се примени целосно нова технологија за изградба на тунелот кај Врбјани  во должина од четири километри, кој со првиот проект бил предвиден за градба на земјипште со прва категорија, наместо со шестам односно на меко змејиште а не на карпест дел како што с епрепчорачува од експретите. Воедно ќе треба да се градат девет нови клучки и регионални патишта со оглед дека со постојниот проект не е предвидено поврзување на околните населени места со автопатската делница.

Изградбата на автопатот стартуваше во февруари 2014 година и според постојниот договор требаше да чини  околу 400 милиони евра.Со продолжувањето на рокот за изградба автопатот треба да биде готов до средината на 2021 година.

Според најавата од министерот Сугарески, рокот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип што завршува на крајот на месецов нема да биде пролонгиран од аспект на градежни работи, туку е можно минимално продлжување на активности за поставување сигналзиација и слични активности. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ