• Latest

Образовни асистенти во училиштата, лични асистенти во домовите, потсмев од врсниците

September 17, 2020
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Образовни асистенти во училиштата, лични асистенти во домовите, потсмев од врсниците

September 17, 2020 11:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новата учебна година за сите ученици во основните и средните училишта во државата започнува на 1 октомври. На овој ден, дел од учениците ќе појдат во училиште каде под посебни мерки и протоколи ќе ги слушаат предавањата на наставниците и професорите, а другиот дел наставата ќе ја следат од дома со помош на средства за далечинско учење. Вака одлучи Министерството за образование и наука.

Но, остана прашањето на кој начин ќе се одвива наставата за децата со нетипичен развој, кои и онака се изложени на ризик од пропуштање на училиштето. За инклузивното образование се зборуваше многу малку од почетокот на пандемијата со ковид-19, но по преземањето на функцијата министер за образование и наука, на почетокот на нејзиниот мандат, Мила Царовска рече дека нивна „врвна цел е обезбедување на инклузивно образование кое е пристапно за сите деца“.

Инклузивното образование претпоставува дека сите деца треба да имаат еднакви и систематски можности за учење и дека треба да ја добијат потребната индивидуализирана поддршка за да се олесни нивното вклучување во редовното образование. Тоа значи вклучување на сите деца во редовната настава, преку приспособени учебници, технологија и образовни асистенти онаму каде што има потреба од нив.

Образовни асистенти во училиштата во државата има веќе неколку години, а истите беа дел од програмата на УНДП кој започна со цел да им се помогне на учениците со нетипичен развој во процесот на инклузија во образовниот систем.

Општина Центар е една од општините која преку УНДП воведе дополнителни мерки за помош на децата со потешкотии во развојот. Едната од овие мерки, покрај образовни предвидува и лични асистенти.

„Оваа година основните училишта ќе имаат на располагање 16 лични асистенти, кои ќе им бидат поддршка на овие ученици, особено во овој период на присуство на коронавирусот“, стои во известувањето од општината. Понатаму се додава дека за пет асистенти средствата ќе се обезбедат со донација од УНДП, а трошоците за останатите единаесет ќе бидат покриени од буџетот на општината.

„Мета.мк“ разговараше со активистката и мајка,  Домника Кардула. Нејзината ќерка годинава ќе биде осмо одделение во основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопје и ја користи можноста за личен асистент. Кардула вели дека пандемијата во второто полугодие од претходната учебна година ги затекнала сите родители, но дека е задоволна од начинот на кој се одвивала комуникацијата со наставниците и дека учебната година завршила успешно. За годинава, смета дека постои можност да се обезбедат образовни или лични асистенти за сите деца кои имаат потреба од нив, но и дека надоместокот кои овие асистенти го земаат е скромен.

„Од година во година бројот на асистенти кои финансиски се покриени од УНДП се намалува со очекување дека општините ќе ги покријат останатите асистенти“, вели Кардула додавајќи дека „лани Општина Центар успеа да покрие само еден асистент плус од она што го обезбеди УНДП, годинава гледам дека тој број е зголемен, што е за поздравување и ме радува“.

Таа вели дека има впечаток оти Општина Центар, како најбогата општина во државата, има можност за обезбедување на сите ученици со образовни или персонални асистенти бидејќи сумата која треба да се одвои и не е толку висока.

„Надоместокот кој го земаат асистентите е скромен, годинава е 9.000 денари, што значи дека општината за 9 месеци колку трае учебната година ќе издвои нешто помалку од 15.000 евра или нешто повеќе од 1.600 евра месечно за 11 асистенти колку се предвидени годинава“, вели Кардула.

Таа додава дека е потребна само волја и разбирање за неопходноста и важноста од оваа услуга. „Очекувам и да не се повторуваат задоцнувањата во исплатите кои беа пракса минатите години “, вели Кардула.

Таа додава дека е неопходно системско решение затоа што постојат семејства кои сами ги покриваат трошоците за личен асистент.

„Не е дозволиво родителите и децата секоја година пред почетокот на учебната година да живеат во неизвесност дали ќе можат да ги вклучат своите деца во образовниот процес. Дали владата, МОН или општините ќе бидат тие кои ќе бидат одговорни за асистентите, на родителите не им е важно, важно е да тоа биде системско решение и да важи за секое дете кое ќе има потреба од оваа услуга“, вели Кардула.

Таа додава оти има впечатокот дека секоја година мора да се прави притисок врз надлежните и да се потсетуваат од страна на родителите за оваа обврска.

„Да се надеваме дека тоа ќе се промени и дека следуваат години на помалку грижи за родителите и нивните деца“, додава Кардула.

Таа вели дека за нејзината ќерка би избрала настава со физичко присуство, но и дека мора да бидат запазени сите препораки и протоколи за заштита.

„Кај сите деца со нетипичен развој суштински важно е да бидат вклучени во образовниот процес и во зависност од нивните можности да имаат интеракција со обрзовниот кадар и училишниот педагог, дефектолог“, посочува Кардула.

Вели дека ако би можела да бира би избрала учење со физичко присуство, но со строго почитување на протоколите, бидејќи смета дека одењето во училиште, престојување во средина со свои врсници и почитувањето на редот и дисциплината како и работата со можностите кои ги има апсолутно позитивно делува на психофизичкиот развој на децата.

„Социјализацијата е едноставно терапија за децата со нетипичен развој, но здравјето е пред сè, секако“, смета таа.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, во интервју за „Мета.мк“ рече дека министерството работи на тоа да им излезат во пресрет на потребите на сите родители за образовен асистент.

– Во Законот за основно образование стои дека тие специјални училишта се трансформираат во ресурсни центри и нудат услуги на основните училишта кои што се инкулзивни и кои запишуваат ученци со попреченост. Тоа не е направено како институционален систем, па затоа јас се обидувам преку општинско корисна работа да обезбедиме за сите поднесени барања на родители за образовен асистент кој ќе биде присутен или во домот или во улчилиштето, без оглед дали наставата се следи онлајн или со физичко присуство. Во 2021 година, како МОН застануваме зад тоа дека ќе имаме институционален систем за поддршка на образованието кај лицата со различни типови на попреченост“, рече Царовска.

И додека се работи на решавање на важните прашања во училиштето, очигледни се проблемите и стигмата со која родителите на децата со нетипичен развој се соочуваат и надвор. Новинарот на Радио МОФ, Бојан Шашевски, неодамна на социјалната мрежа Фејсбук сподели искуство од парк, каде неколку дечиња ја исмевале неговата ќерка која има аутизам.

„Едното почна да ја боцка со рака по рамото. Другото ѝ ја фати главата, а со другата рака петте прсти во вис, нагоре како да врти сијалица. Се издра пред сите, покажувајќи кон Дарија: Оваа е ретардирана!“, стои во објавата на Шашевски. / META

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ