• Latest
40 godisnina na EZS "Tigar"

Одбележана 40-годишнината од формирањето на ЕСЗ „Тигар“, сега преименувана како Специјална антитерористичка единица

March 13, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одбележана 40-годишнината од формирањето на ЕСЗ „Тигар“, сега преименувана како Специјална антитерористичка единица

March 13, 2021 14:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
40 godisnina na EZS "Tigar"

40 godisnina na EZS "Tigar"

Share on FacebookShare on Twitter

Во Касарната „Илинден“ денеска, со положување на цвеќе на споменикот на загинатите борци, подигање на новото знаме, доделување на плакети и прикладни говори од страна на високи функционери, беше одебележана 40-годишнината од формирањето на Единицата за специјални задачи „Тигар“, сега преименувана како Специјална антитерористичка единица „Тигар“.

– Денеска Специјалната антитерористичка единица, популарно позната како „Тигар“, одбележува 40 години од своето постоење. Тоа е сериозна годишнина достојна за прослава со сите највисоки почести бидејќи САЕ денес е синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и високиот насилен криминал. Синоним за професионалност, за максимална храброст и подготвена да се спротивстави на каков и да е предизвик со кој е доведена во прашање безбедноста на земјата и граѓаните, истакна премиерот Зоран Заев на церемонијата.

Тој нагласи дека за разлика од сите досегашни јубилеи, годинава, оваа значајна годишнина е посебно брендирана со нашето полноправно членство во НАТО од што произлегуваат и заедничките безбедносни интереси со сите со земјите членки.

– Како членка на НАТО и на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Северна Македонија со својот адаптиран воено-безбедносен систем според стандардите на НАТО, свое значајно место има и Специјалната антитерористичка единица која е оспособена во борбата со насилниот екстремизам и тероризам да спроведува највисоките борбено-технички вештини. Борбата против тероризмот, радикализацијата и насилниот екстремизам и заштитата на националната безбедност и безбедноста на сите граѓани на нашата земја се во врвот на приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, а оваа единица е еден од гарантите на овој приоритет, потенцираше премиерот.

Тој истакна дека е убеден оти  реорганизираната и модернизирана Специјална антитерористичка единица „Тигар“ ќе го продолжи трасираниот четириесет годишен пат на високо мотивирана, врвно организирана и подготвена служба, која заедно со сите останати сегменти на нашиот безбедносен систем е гарант за мирот и безбедноста на граѓаните и за заштитата на уставниот поредок на државата.

– Почитувани припадници на Специјална антитерористичка единица – „Тигар“, ви го честитам јубилејот. Оваа свеченост и вашата едница денеска испраќаат силна порака дека Република Северна Македонија има капацитетни формации и добро подготвен и функционален систем на национална безбедност за борба против сите облици на криминал, а особено за борба против тероризмот, посочи Заев.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потенцираше дека денешното одбележување на датумот 13 март има своја исклучителна посебност и тоа од две причини.

– Првата, дека денес одбележуваме еден многу значаен јубилеј, а тоа е четиридецениско постоење на единицата и втората, фактот дека како резултат на нашите заеднички реформски напори за сеоопфатно техничко, материјално, професионално и организациско унапредување на МВР и неговото вредносно стандардизирање согласно критериумите на НАТО и ЕУ ја промовираме единицата во специјална антитерористичка единица „Тигар“, назив што сосема соодветствува со новата структура, концепциска  надградба на полициска организациона единица, рече Спасовски.

Тоа, пак, како што истакна, без никаква дилема можеме да го оцениме како логичен епилог на еден системски динамичен, професионален четиридецениски раст и развој на единицата во којшто бројни генерации нејзини припадници без оглед на турбулентноста на времињата оставија силен и неизбришлив печат во создавањето на богато и успешно професионално портфолио исполнето со бројни ангажмани со жртви во името на примарната и основна полициска задача, заштитата и безбедноста на сите граѓани, но и на мирот и на општествениот поредок на нашата држава.

– Она што сакам да го потенцирам е уверувањето коешто всушност сите ние го споделуваме, дека ваквата специјална полициска служба е еден од најсложените, но и ексенцијалнот сегмент во безбедносниот систем на МВР. И во тој контекс неопходно е оваа единица секогаш да биде како што кажаа во своето богато минато целосно подготвена, крајно ефикасна, технички и кадровски екиопирана речиси до перфекција, а  сето тоа во името на специфичните задачи што пред неа се поставуваат во секојдневното работење. Тоа е цел и мотив којшто постојано и упорно мора да тежнееме и тоа не декларативно, туку конкретно со дело, со активности идентични на се што заедно пореземавме во последните четири години, посочи министерот за внатрешни работи.

Тој нагласи дека низ годините наназад, преку секојдневите и пред се успешни активности, Единицата достигнуваше и воспоставуваше нови и високи стандарди етаблирајќи се како суштински дел од полицискиот систем на функционирање, факт што мора да се почитува, но и обврска да се одржува тој факт таков каков што е.

– Овој период од четири децении за единицата не беше ниту едноставен, ниту мирен, беше период на бурни случувања во кој нашата држава и нашиот народ, а со нив и нашата единица се соочуваа со многу предизвици и искушенија, воени конфликти во земјата и регионот, непрекинатата борба против терористичките закани и организираните криминални групи, но во исто време тоа беше и период на постојан развој на единицата, на модерницазија и професионализација, период на интензинва обука, развој успеси и признанија, период на траснформација и реорганизации претрпи последната година. Последната реорганизација направена на почетокот на оваа година за исполнување на потребните безбедносни стандарди што произлегуваат од членството  во НАТО Алијансата во овој процес единицата изврши зајакнување на кадровскиот и техничкиот потенцијал, притоа акцентот е ставен на  на модуларноста на специјализираните тимови, како и на специјалностите  на секој припадник поединечно, нагласи командантот на САЕ „Тигар“ Митко Даневски.

Тој посочи дека таквата структура и високите критериуми за избор и обука на кадри за Единицата, им овозможува континуитет во функционирањето како и приспособување кон потребите за ефикасен одговор на сите предизвици.

– Од формирањето до денес низ редовите на единицата поминаа над 700 припадници на македонската полиција кои со својата професионалност, храброст, висока мотивираност и пожртвуваност, најчесто извршуваат задачи во високоризични и крајно екстремни ситуации во кои несебично се жртвуваа за постигнување на целта и по цена на сопствениот живот. Посебно место во историјата на нашата единица имаат припадниците кои извршувајќи ја својата должност на првата борбена линија го дадоа и најдрагоценото, ги положија своите животи, посочи Даневски.

Тој истакна дека во изминатиот период со голема поддршка на раководството на МВР успеале да изградат стратешки капацитети за функционирање на Единицата,  организирале селективни курсеви за надополнување за професионалниот кадар и ја интензивирале обуката за специјалните тимови, а воедно ја зголемиле и соработката со сродните единици на регионално и меѓународно ниво. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    159 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ