• Latest

Одобеску: Искористите ја шансата што се отвори за проширување, без оглед на потешкотиите на патот кон ЕУ, сите напори вредат

November 15, 2023

24 ЧАСА: ДИК – 69 независни кандидати за градоначалници, предизборна прислушувачка пресметка Филипче – Мицкоски, Додик и Вучиќ со пораки до ЕУ преку Путин

September 2, 2025

ДИК: Истече рокот за собирарање потписи – 69 независни каднидати за градоначалници и 68 независни листи за советници

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на DRM News

Путин се сретна со словачкиот премиер Фицо во Пекинг, ја пофали неговата „независна“ политика

September 2, 2025

Дезинформација е дека имало голема тепачка на состанокот на ДУИ во Чаир

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

Уапсениот за убиство на поранешниот претседател на украинскиот парламент го призна делото и побара да биде разменет за украински заробеници кои се во Русија

September 2, 2025

Додик и Вучиќ испраќаат пораки до ЕУ преку средбите со Путин

September 2, 2025

Две години затвор за „командант Барути“ за нападот врз Данела Арсовска

September 2, 2025

Прислушувачка битка пред избори: Филипче бара истрага од ОЈО, Мицкоски алармира за удар врз демократијата

September 2, 2025
Фото: Скопје сити мол

„Весела математика“ на ВМРО-ДПМНЕ во обид да прикаже подобрен животен стандард на граѓаните

September 2, 2025
Војникот на Националната гарда на Украина, Владислав Нахорни, преживеал откако руските сили му го пресекле гркланот и го фрлиле во јама, верувајќи дека е мртов. Фото: Скриншот од Suspilne

Украинскиот војник кој преживеа мачење од Русите исчезна од болницата во Днипро

September 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Одобеску: Искористите ја шансата што се отвори за проширување, без оглед на потешкотиите на патот кон ЕУ, сите напори вредат

November 15, 2023 15:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Романија била и е поддржувач на пристапувањето на Северна Македонија кон ЕУ.  Со оглед на стратешката важност на европската интеграција за иднината на вашата земја, Романија верува дека само преку заедничка заложба и силен национален консензус за потребните реформи, Северна Македонија што поскоро ќе ги донесе потребните одлуки и ќе го забрза патот кон ЕУ, изјави министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Таа упати честитки за, како што рече, извонредните напори што ги прави земјава во изминатите години спроведувајќи тешки реформи. Неодамнешната оценка издадена од ЕК како дел од овогодинешниот пакет за проширување го потврдува ова, рече шефицата на романската дипломатија и упати охрабрување да се продолжи со одлучноста за да може ефективно да се отворат поглавјата како што е предвидено во пакетот за проширување.

– Ве поттикнуваме да ја искористите оваа шанса што се отвори за проширување по агресијата на Русија врз Украина. Можноста земјата да се приклучи кон ЕУ е кредибилен процес, процес во кој интерес имаат сите. Тоа е од заемен интерес и за Северна Македонија и за ЕУ. Потпирајќи се на романските искуства можам да кажам дека без оглед на сите потешкотии на патот кон ЕУ сите тие напори вредат и се исплатат штом станете членка на ЕУ. Процесот на европска интеграција има трансформативна моќ, која влијае врз целото општество, влијае и врз граѓаните, а особено и на младите, порача Одобеску.

Министерот Османи рече дека оваа посета на романската колешка ја покажува силната посветеност на Романија како земја членка на ЕУ да ја поддржи нашата европска интеграција. Посочи дека Романија за неполни два месеци одбележува 17 години од приемот во Унијата и е земја пример со какви придобивки резултираат преговорите и членството во ЕУ гледано преку конкретен бенефит за граѓаните.

-Северна Македонија високо ја цени вашата поддршка за нашиот пристапен процес во ЕУ и се надеваме дека и Северна Македонија наскоро ќе го направи долгоочекуваниот и заслужен исчекор со што поскоро усвојување на уставните измени како единствена домашна задача која не дели од забрзаната интеграција којашто се повеќе станува императив за ЕУ во дадениот геополитички моментум. Отворањето на кластерите и поглавјето во рамки на пристапниот процес е од егзистенцијално значење бидејќи придонесува за брз економски развој, побрза економско-социјална конвергенција со државите од ЕУ. Од друга страна, новиот план за развој на Западен Балкан и можноста за приклучување кон единствениот пазар на ЕУ се инструментите со кои ЕУ ја остварува постепената интеграција или она што ние го нарекуваме повеќе интеграција пред членство во ЕУ, рече Османи.

Со министерката Одобеску, нагалси тој, го делат истиот став и во однос на ситуацијата во регионот и ја споделуваат неопходноста од силен фокус со цел одржување на мирот, стабилноста и просперитетот како клучна основа за придобивките за сите во нашиот регион.

-Го цениме присуството на Романија која е вклучена во зајакнување на мировната мисија на КФОР во Косово како што е и РСМ, нагласи Османи.

Според Османи, во делот на економската соработка заемно заклучиле дека одличните политички односи треба да бидат проследени со соодветна економска соработка за која постои голем потенција.- Вкупната трговска размена минатата година изнесува нешто над 360 милиони евра, а романскиот пазар се повеќе станува интересен за нашите големи компании.  Со цел зајакнување на економската соработка се разгледуваат и можности за отворање на редовни авиолинии, нагласи Османи.

Романската министерка потврди дека Северна Македонија е значаен трговски партнер за Романија во Западниот Балкан и станува се поважен трговски фактор во регионот. Затоа, нагласи таа, треба да поддржиме се што е можно повеќе трговска размена, како и билатерални инвестиции.

На средбата станало збор и за прашањата во однос на безбедноста на регионот и справувањето со геостратешките ризици.

-Нашите две земји делат заеднички интереси во однос на безбедноста на регионот и справувањето со геостратешките ризици. Двете земји се дел од европското семејство како блиски партнери во рамките на НАТО. Во овој контекст топло и честитам на Северна Македонија и на министерот Османи лично за брзите и одлучни мерки преземени во однос на руската воена агресија врз Украина.  Од оваа перспектива во текот на нашите разговори изразив благодарност за учеството на Северна Македонија со воени формации во силите на Алијансата во Романија што придонесува кон јакнење на безбедноста на источното крило на НАТО и е јасен сигнал на нашата солидарност – солидарноста помеѓу нашите две земји, подвлече Одобеску.

Османи, пак, го истакна значењето на дијалогот во однос на последните состојби во регионот на Западен Балкан, за војната во Украина, како и за разгорената криза на Блискиот Исток а во контекст на можните безбедносни и економски последици на земјите од регионот на Западен Балкан.

-Немаме никакви двојби дека не постојат алтернативи за решавање на отворените прашања и конфликти освен дијалогот и конструктивниот пристап кој треба да се императив за сите засегнати страни. Исто така, многу значајна е и нашата досегашна континуирана соработка и координација за важните прашања во рамки на НАТО Алијансата. Силното партнерство е потврдено и преку нашето воено учество како дел од структурите на мултинационалната борбена група во активностите на НАТО за зајакнување на источното крило, поконкретно во Романија. Точно две недели пред одржување на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје разговаравме и за предизвиците со кои организацијата се соочува како индиректна последица на руската воена агресија во Украина, рече Османи.

Одобеску истакна дека Скопје и Букурешт имаат и силни културни врски, а уше една работа која не поврзува е романската заедница во земјава која ги негува своите традиции.

-Потпишавме и документ за соработка во областа на образование, надградувајќи се на одличната традиција која што ја имаме во оваа област – традиција на соработка во оваа област. Ние ќе го промовираме македонскиот јазик во Романија и обратно, романскиот јазик ќе биде промовиран во Македонија. На 8 декември секоја година го славиме Денот на македонскиот јазик во склад со законот којшто романскиот Парламент го донесе во 2018 година, рече министерката Одобеску.

Османи, уште еднаш да се заблагодарам на Парламентот на Романија којшто го утврди 8 Декември за Ден на македонскиот јазик со цел зачувување на традициите, културите и на мајчиниот јазик на лицата припадници на македонското етничко малцинство во Романија.

Двајцата министри денеска потпишаа два документи – Акциски план за соработка помеѓу двете МНР за период од 2024.2025, како и Протокол за соработка во областа на образованието.

Фото: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ