Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека одржувањето на изборите во моментот не е дел од агендата на Демократската унија за интеграција и оти ставот на партијата е оти одлуката за избори ќе ја донесе Комисијата за заразни болести.
„Ако ме прашувате како претставник на ДУИ, можам да кажам дека изборите не се воопшто ниту една од темите во агендата на ДУИ. Ние имаме две основни цели – едното е здравствената криза со пандемијата и социоекономските проблеми кои ги создава. Се друго што се наметнува како тема, сметаме дека е дефокусирање на институциите и на политичката и општествената енергија во решавање на овие две проблеми“, нагласи Османи.