Најмалку 6 лица загинаа во земјотресот кој утрово ја погоди Албанија.
Министерството за одбрана потврдува дека едно лице животот го загубил откако скокнал од станот во Курбин, во паника, а две жртви се извадени од урнатините на една зграда во Тумане. Четвртата жртва е извадена од урнатините на една зграда во Драч.
Како што известува ТВ Клан од Албанија, два безживотни тела се извадени од остатоците на урнатиот Хотел Вила Палма во Драч, со што бројот на жртвите официјално достигнува до 6.
Други медиуми известија и за починат маж кој во време на земјотресот возел и изгубил контрола врз колата по што завршил во тешка собраќајка, но за оваа информација нема сеуште официјална потврда од имституциите.
Од земјотресот со 6.4 рихтерови степени кој се регистрираше во 03:53 утринава, се известува дека над 300 граѓани се повредени, а многу други останале се уште неизвлечени од урнатините и се трага по нив.
Овој беше најјакиот земјотрес од серија земјотреси кои се случиле пред и после тој, но со различни имтензитети. Епицентарот е во околината на Драч каде има многу урнати објекти, а последици има и во Тирана. Земјотресот се чуствувал и во Скоје и Тетово, како и во Црна Гора и пошироко во регионот.
А.З.












