• Latest
Конференција за изборни реформи „Перспективите на македонските избори“, Скопје, 25 септември 2019 / фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Октомвриски маратон на ЦИВИЛ

October 5, 2019
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Октомвриски маратон на ЦИВИЛ

Добрата комуникација меѓу граѓаните и институциите зависи и од транспарентните и одговорни политики што се спроведуваат на локално и национално ниво. Затоа, ЦИВИЛ посветува огромно внимание на промовирање на овие вредности, со едукација и јакнење на јавната свест, но и со континуирано и гласно укажување на пропустите. Во оваа сфера, од посебно значење е соработката со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Прочитајте во опширната најава на октомвриските активности на една од најпознатите граѓански организации во земјата.

October 5, 2019 17:24
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Конференција за изборни реформи „Перспективите на македонските избори“, Скопје, 25 септември 2019 / фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Конференција за изборни реформи „Перспективите на македонските избори“, Скопје, 25 септември 2019 / фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ го посвети октомври на голем број проектни активности посветени на една широтка палета теми и области. Од организацијата велат дека, без оглед на обемот на работа и разновидноста на темите, тие се оптимисти.

„Поддршката од граѓанките и граѓаните е огромна, а со рационален менаџмент, верувам дека тимовите на организацијата, како и многу пати порано, ќе докажат дека можат да се справат успешно со големиот обем на работа и разновидност на темите. Впрочем, сите проекти и активности се дел од долгорочната стратегија на ЦИВИЛ и се дел од нашите заложби, па оттаму, секоја активност е во контекст на човековите права и слободи“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Инфо штанд на ЦИВИЛ за „Зелена иднина“, анкета и средби со граѓанките и граѓаните на Велес, 21 мај 2019 / фото: ЦИВИЛ

Зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, според концептот и методологијата на ЦИВИЛ се трансферзални теми, интегрирани во стратешките и програмските основи на организацијата. Тие се дел од проектот „Зелена иднина“, во партнерство со германската фондација Хајнрих Бел.

Јавен настан „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?“, 26 јуни 2019, Градски парк, Скопје / фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Одговорноста и транспарентноста во политичките процеси, граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство се дел од работата на ЦИВИЛ веќе петта година, со поддршка од National Endowment for Democracy.

Демократските трансформации, заложбите на човековите права и слободи, мониторинг на општествените и политичките процеси, јакнење на слободата на изразувањето и медиумските слободи, се дел од организациските и проектните заложби на ЦИВИЛ со големиот проект „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

ЦИВИЛ од неодамна е еден од грантистите и на швајцарската програма за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, ЦИВИКА МОБИЛИТАС, во чии рамки се јакне организацијата и се поддржуваат сите сегашни и идни проектни и организациски заложби, а во насока на поддршка на реформскиот курс на земјата.

ЦИВИЛ во континуитет продолжува да работи на јакнење на свеста кај граѓанките и граѓаните, едукација и мобилизација во борбата против корупцијата, лажните вести и дезинформациите, кршење на човековите права и слободи.

Теренските активности на самиот почеток на октомври започнаа со инфо-штандови за „Зелена иднина“ на неколку локации во центарот на Скопје, а ќе продолжат и понатаму наредната недела. На овој начин, тимот на ЦИВИЛ е во директна комуникација со граѓанките и граѓани, преку информативни и едукативни материјали и разговори, споделувајќи ги идеите, ставовите и можните решенија на проблемите и да придонесат кон општествени промени во секоја сфера од животот, со промоција на зелени вредности, социјална правда и антинационализам.

Инфо штанд „Зелена иднина“ во Струга, 19 септември 2019 / фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Во октомвриската агенда на ЦИВИЛ е општинскиот настан „Зелена иднина“ во Струмица , на 15 октомври, со почеток во 13 часот. На работилницата за време на настанот, се предвидува учесничките и учесниците активно да се вклучат во дискусија за темите на настанот и да се обидат да најдат начини за граѓанско учество во донесувањето на одлуките.

Конференцијата „Доаѓа времето на Зелените“ ќе се одржи на 25 октомври во хотел „Порта“ (Аеродром) од 12 до 14 часот. На конференцијата се поканети граѓански организации и иницијативи, политичките партии и институциите на национално и локално ниво. На конференцијата ќе се говори за предизвиците и можностите во областа на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, како и за нивната меѓусебна поврзаност и неделивост, за што цврсто се залага ЦИВИЛ.

Општински настан и работилница „Зелена иднина“ во Штип, 3 септември 2019 / фото: Г. Наумовски/ЦИВИЛ

Добрата комуникација меѓу граѓаните и институциите зависи и од транспарентните и одговорни политики што се спроведуваат на локално и национално ниво. Затоа, ЦИВИЛ посветува огромно внимание на промовирање на овие вредности, со едукација и јакнење на јавната свест, но и со континуирано и гласно укажување на пропустите. Во оваа сфера, од посебно значење е соработката со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

На тема граѓанско новинарство, како алатка за мониторинг и разобличување на погрешните политики и практики, со што се придонесува и кон транспарентно и одговорно општество, организира еднодневен регионален семинар во Прилеп, во градската библиотека „Борка Талески“, на 19 октомври, со почеток во 10 часот. Право на учество имаат апликантите од општините во Пелагонискиот плански регион: Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци и Долнени. Учеството е можно со пополнување на АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО, по што посебна комисија при ЦИВИЛ одлучува за нивното прифаќање.

Од доделувањето на грантовите ЦИВИКА МОБИЛИТАС, јули 2019 / фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Семинарот „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“, е можност за сите свесни и активни граѓанки и граѓани со своето учество и активизам да придонесат кон промоција на транспарентни и одговорни политички процеси. ЦИВИЛ, од друга страна, обезбедува иновативен, извонредно динамичен, интерактивен и практичен пристап кон темите опфатени со семинарот. Тимот на предавачи од ЦИВИЛ ги промовира и можностите што ги пружа напредокот и достапноста на новите технологии и комуникациски платформи за полесен, побрз и поефективен начин на влијание во правец на промовирање и воспоставување на транспарентното и одговорното општество.

„Доколку активно останете со ЦИВИЛ и се вклучите во нашите активности, крајот на месецот носи нови интересни и корисни настани што не би сакале да ги пропуштите. ЦИВИЛ, како и секогаш навремено ќе ги информира граѓанките и граѓаните за своите активности, со покана до сите да бидат активни учесници во истите. Во меѓувреме следете ја медиумските платформи на ЦИВИЛ: ЦИВИЛ Медиа, Green CIVIL, специјализираниот сајт за граѓанско новинарство, Граѓански објектив, како и на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер“ – повикуваат од Тимот за комуникации со јавноста на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ им посакува успешен и активен месец на сите свои поддржувачи и членови и ги повикува да бидат активни и гласни во поддршката на општествените и политичките промени во земјата.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Share74Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ