• Latest

Општествената одговорност се учи дома!

May 9, 2018

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Општествената одговорност се учи дома!

May 9, 2018 10:39
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

 

     Големината на градот
не се мери според плоштината,
туку, според тоа колку големи и мали
луѓе живеат во него.

 Мустафа Надаревиќ

 

Утрото на 3 кон 4 мај се разбудив по ноќ. Постојат такви утра во кои знам да станувам во ниедно време, „ничим изазван“ што би рекле некои.

пишува: Војо Цветановски

Не сакам, но сепак, го вклучувам компјутерот и од прва одам на Фејсбук. „Скролам“ низ ѕидот да видам што има – што нема.

Наидувам на неколку фотографии од за мене непознатата Ива Колозова, која, направила фотографии по завршувањето на пикникот кој граѓаниве на градот Скопје го „славеа“ за 1 мај (денот на трудот) во градскиот парк во Скопје.

Фотографиите изгледаа како цел можен отпад на светот да беше фрлен во градскиот парк во главниот град на нашата татковина.

Искрен да бидам – МИ СЕ ЗГАДИ!

Го исклучив компјутерот. Не сакав да го гледам тоа. Станав. Го вклучив телевизорот. На телевизија одеше интервју со маестралниот Мустафа Надаревиќ. Интервјуто траеше триесетина минути. Во еден од одговорите, на не знам кое прашање, господинот Надаревиќ протна една маестрална фраза која целосно кореспондираше со фотографиите на Ива Колозова;

 „Големината на градот не се мери според плоштината, туку според тоа колку големи и мали луѓе живеат во него“.

Ха. Поточно не може да биде, искоментирав на глас. Од домашната библиотека го земав она мое мало џебно тефтерче со сини корици кое секаде го носам со себе, за да ја запишам фразава. Ја запишав. И потоа почнувам да листам низ тефтерот, да видам што сум напишал на овој ден пред години. Доаѓам до датумот 4 мај, 2015.

„Луѓето заминуваат, секогаш. На најразлични начини. Некои заминуваат телесно, некои си заминуваат од дома, а некои заминуваат со паметот, но не полудуваат, оглупавуваат. Оние кои си заминуваат од дома, заминуваат за да си го тргнат погледот од реалноста која ги опкружува, која несомнено ја создаваат оние кои заминуваат со паметот – глупавите. Тие, со нивните валканици го уништуваат она кое заедно сите го дишеме. Меѓу другото и заради ова масовно се иселуваат луѓето одовде“.

Станав од креветот. Ја вклучив столната ламба, тивко за да не ги разбудам останатите. Седнав на креветот. Ѕидниот часовник, кој е десно од мене покажуваше 4:30. Отворив нова страна на тефтерот, го потпрев на десното колено и со молив почнав да пишувам.

* * *

4 мај, Скопје, 2018, 4:35 ч.

Осудени сме да го живееме овој живот кој е полн со сеќавања. Мразам  да се сеќавам. Сеќавањата секогаш ме враќаат во едни времиња во кои се надевавме, кои имаа за цел да создадат подобро утре. Од оваа позиција гледано, тоа што требаше да биде подобро утре е ова што го живееме денес.

А каде сме денес? Никаде!

Особено мразам кога треба да се сеќавам на она за кое сум се борел од „петни жили“ за после години и години борба да видам дека не сме успеале доволно. Има ефект, но не доволен.

Ме враќаат сеќавањата кога работевме во театар, каде што јас буквално од дома изнесував работи, столни ламби, теписони, глобуси, столици, маси, завеси, стари телефони, ѕидни часовници … само за да ја направам сценографијата што поавтентична. И тоа не ме правеше среќен само мене, не’ правеше среќни сите кои работевме во театарот. Секогаш после претставите до милиметар ја чистевме и сцената, а и гледалиштето каде што седеше публиката. Целата сала ја враќавме во првобитна положба. Бевме максимално одговорни. Внимававме на секој детаљ, не смееше ништо да остане каде што не му е местото.

Во една прилика додека седевме во гледалиштето и гледавме во чистата сцена Даре рече: „Ај брат да почнеме да правиме претстави за тоа колку треба да го чуваме чист градот. Колку многу е важно да биде чисто Скопје. Од многу аспекти гледано“.

Од тогаш поминаа повеќе од 8 години. Направивме еден куп вакви проекти – поврзани за чистата околина.

Последниот што го работевме беше на крајот на 2017, за новогодишната прослава на плоштадот во Скопје, каде ја игравме детската претстава „Дедо Мраз во пензија“. Оваа претстава испраќаше недвосмислена порака за тоа колку многу треба да внимаваме на чистата околина во нашиот град, за самосвесноста, за тоа дека самите треба да го чистиме она што го оставаме зад себе, да не чекаме друг да оди зад нас итн.

„Да испратиме симболична порака“, и реков на Маја додека го средувавме текстот, „да не е директна. Да се подзамислат малку“.

„Директна, само директна и никако поинаку. Најпластично треба да се обратиме. Само така ќе сфатат“, рече Маја, која патем беше организатор на целиот настан.

Последната претстава ја игравме на 31.12. точно на пладне. На сцената пристигнавме со пет електромобили. До сцената едвај се пробивме од масовноста. Јас прв се качив на сцената. Кога застанав на средната и ја кренав главата за да видам колку луѓе не’ гледаат, бев шокиран. Право пред мене колоната на луѓе беше од плоштадот, а завршуваше дури кај музејот на град Скопје, десно од мене крајот на колоната беше до крајот на улицата Максим Горки, а лево од мене до порта Македонија. Игла немаше каде да падне. Буквално. Според моја проценка имаше повеќе од 5 000 луѓе. 60 минути гласно зборувавме за тоа колку треба да ја чуваме чиста околината. Кога заврши сè на Маја и реков: „После ова јас ти гарантирам дека свеста за чување на чистата околина ќе се крене на највисоко можно ниво“.

* * *

Почна да се разденува. Го затворив тефтерчето. Повторно седнав на компјутерот. Ги отворив фотографиите на Ива Колозова. Не можев да и се изначудам на невоспитаноста која ја гледав во нив. И потоа како некоја иронија, на ѕидот ми се појавија фотографии кои ги фотографирала Ирена Мила во ист ваков градски парк во Амстердам. Со воодушевување гледав во одговорноста на граѓаните Амстердам и грижливоста со која му се посветени и колку внимаваат нивниот град да биде чист. Издвоив една фотографија од оние во Амстердам. Потоа се вратив на фотографиите од нашиот градски парк. Издвоив една и одовде. Ги поставив една до друга двете фотографии. И гледав, гледав, гледав … уште солза што не ми потече пред разденување.

Не другари, не треба да се прават кампањи за тоа дека треба да го чуваме чист градот. Тоа е домашно воспитување. Општествената одговорност од дома се учи, уште додека сме деца!

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: грижаинтерес и грижа за граѓанитеопштествена одговорностчиста околина
Share136Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ