• Latest

Орданоски: Системот постои за луѓето, а не обратно!

November 30, 2019
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Орданоски: Системот постои за луѓето, а не обратно!

Во Македонија граѓанскиот сектор покажува експертски височини, меѓутоа, се уште недоволно има моќ да мобилизира на пониско граѓанско ниво. Затоа е ЦИВИЛ драгоцена организација. Затоа она прочуено „граѓанки и граѓани“ на Џабир, коешто го слушаме во секое негово обраќање е практично она каде што во наредните години мора да се развие граѓанскиот сектор, тој тип на мобилизација, вистинска мобилизација на луѓето коишто треба да учествуваат во демократијата.

November 30, 2019 12:18
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната конференција „Меѓу стремежите и реалноста“, по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на ЦИВИЛ, универзитетскиот професор и политички аналитичар Сашо Орданоски ја истакна улогата на организацијата во македонското општество и говореше за предизвиците и перспективите на граѓанскиот сектор во Македонија.

„Граѓанскиот сектор во Македонија во последните дваесеттина години покажа една извонредна жилавост, издржливост и развој кои кога ќе се споредат со соседството, па дури и со балканските земји, е на едно, би рекол, повисоко ниво. Особено во последните десеттина години, за време на претходната власт, граѓанскиот сектор во Македонија беше оригинален. Тој навистина се дигна самиот, без да биде нечија иницијатива. Да, беше финансиран од странци од USAID, од Швајцарија, од Сорос и така натаму… Меѓутоа, покажа една необична издржливост да се зафати со решавање на проблемите и да издржи притисоци коишто, не така одамна, беа многу агресивни.

Таа работа не е завршена. Активностите на граѓанскиот сектор во демократијата никогаш не завршуваат. Ние гледаме што се случува дури и денеска. Гледаме дека потребата од тоа на политичарите да им се стави јасно на знаење дека повеќе не можат да ја водат државата игнорирајќи ги граѓанските иницијативи, кај нас е дојдена до ниво кога тоа навистина се случува. Дури ни еден премиер не може да си дозволи да тргне во некаква иницијатива без претходно да го сослуша граѓанскиот сектор, или во консултација и тесна соработка да произведува такви решенија.

Денешните задушувања на демократијата каде што опстојува и практично функционира граѓанскиот сектор се задушувања во свилени ракавици. Денеска тоа се одвива со дискредитации со елиминирање на противници, со ширење на говори на омраза и така натаму… Тука граѓанскиот сектор, се што спаѓа во него, па дури и медиумите се клучниот дел којшто мора да биде оној јавен баланс, разумен глас којшто ќе воспостави вистински контекст, вистински баланс на она што е наплив на една индустрија на дискредитации на самата демократија преку дискредитирање и блатење на луѓе, активисти и така натаму.

Во таа смисла, сакам да го поздравам ЦИВИЛ, бидејќи во Македонија граѓанскиот сектор покажува експертски височини, меѓутоа, сè уште недоволно има моќ да мобилизира на пониско граѓанско ниво. Затоа е ЦИВИЛ драгоцена организација. Затоа она прочуено „граѓанки и граѓани“ на Џабир, коешто го слушаме во секое негово обраќање е практично она каде што во наредните години мора да се развие граѓанскиот сектор, тој тип на мобилизација, вистинска мобилизација на луѓето коишто треба да учествуваат во демократијата. Системот постои за луѓето, а не обратно. Тоа е она што мислам дека ЦИВИЛ, со сите напори што ги прави во последните дваесеттина години, да мобилизира на едно пошироко ниво, да ја шири свеста за тоа дека системот е тука да произведува услуги за луѓето, а не обратно, ја прави оваа организација посебна.

Во таа смисла, ви честитам 20 години постоење, многу ми е драго што Пендаровски нашол време за заедно да го одбележиме овој настан, бидејќи јас мислам дека пред ЦИВИЛ и пред таквите организации како ЦИВИЛ коишто се обидуваат да го мобилизираат и рашират овој капацитет меѓу граѓанството. Бидејќи прашањата на демократијата никогаш не се затворени. Кога во најелаборираните демократски земји како Соединетите Американски Држави, како Британија и така натаму, и сега, денеска,  се разговара за концептите за правда, популизам, насилство, говори на омраза и така натаму, тоа покажува дека ниту еден проблем не е за секогаш затворен. Секое утро е истата борба. Добро утро, да видиме денеска за што е борбата. И вчера сме ја разговарале, и утре ќе ја разговараме. Секој ден тоа. Ви честитам и сè најубаво!“

обработка на текст: М. Ивановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Александар Кондев

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ