• Latest

Османи – Аселборн: Решението ќе го најдеме гледајќи во иднината

September 6, 2018

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025

Бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции до 21 ноември

November 18, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи – Аселборн: Решението ќе го најдеме гледајќи во иднината

September 6, 2018 13:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, во Скопје престојува пред еден од најголемите, најважните и најкомплексните предизвици на Република Македонија, а тоа е претстојниот референдум на 30 септември и имплементација на Договорот од Преспа што беше непремостлива бариера за членството во ЕУ и НАТО, истакна денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по средбата со шефот на дипломатијата на Луксембург. 

– Неговото присуство ќе значи мотивација, охрабрување на сите граѓани на Република Македонија дека Европската унија е тука и нашите меѓународно пријатели се тука за побезбеден и подобар живот на граѓаните, рече Османи.

Тој потенцираше дека покрај Договорот од Преспа, Македонија работи и на исполнување на критериумите за членство и на итните реформски приоритети за да може да ги имаме најдобрите аргументи во јуни 2019 година на Самитот за да започнеме со преговори.

– Република Македонија го заслужува тоа, граѓаните го заслужуваат тоа за најбрзо да станеме членка на ЕУ и се разбира 30 септември е добар симбол за 30 членка на НАТО, истакна вицепремиерот Османи.

Според шефот на дипломатијата на Луксембург референдумот е за иднината на државата. Влезот на Македонија во ЕУ беше блокиран, додаде тој, а дури во 2018 година земјата најде начин за решение за долгогодишниот спор за името и оти сега вратата на НАТО и ЕУ се отворени.

– Не станува збор за името, туку мислам дека станува збор за односот на ЕУ кон овој регион. Сега вратата е отворена во НАТО, во ЕУ и јасно е дека двете страни мора да ги почитуваат условите, но мислам дека можете да го сторите тоа и со задоволство ќе ви помогнеме. Сега сме на една критична точка. На 30 септември следува референдумот, и ако смеам да кажам како европеец ова е референдум за иднината или, пак, за минатото. И мислам дека и другите земји во регионот се надеваат на позитивен исход, рече Аселборн.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за надворешни работи на Луксембург кажа дека предолгото чекање на Македонија за влез во Унијата не е политичка грешка на Брисел.

– Не е само политичка грешка на Брисел, тоа не може да се каже, мислам дека делумно тоа се должи на тоа што некогаш чекаме, а чекаме без да се мешаме. Сега мислам дека моравме да се замешаме кога станува збор за вашата држава, затоа што постои решение за ситуацијата што беше блокирана, рече Аселборн.

Како држава, вашиот народ, вашата Влада, Парламентот, вели министерот за надворешни работи на Луксембург, мора да реши, но решението е на вас.

– Ако премногу размислуваме за минатото, нема да дојдеме до решение. Решението ќе го најдеме гледајќи во иднината и без согласност на народот не може да се дојде до решение, затоа овој предизвик на 30 септември е толку важен и како што кажав тој е избор на иднината за вашата држава, рече тој.

Аселборн додаде дека македонските гласачи  ја знаат својата одговорност, истовремено сметам дека тука не смее да има мешање од Брисел или, пак, од Луксембург. (MИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ