• Latest

Османи: ДУИ го кочи Изборниот законик, не сака да преземе одговорност за незаконитост на изборниот процес

February 7, 2020

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Османи: ДУИ го кочи Изборниот законик, не сака да преземе одговорност за незаконитост на изборниот процес

February 7, 2020 15:01
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Донесувањето на Изборниот законик е од исклучително важно за регуларноста на изборниот процес и тоа од повеќе аспекти. Прво, заради тоа што треба да се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а тоа особено ни е важно сега во пресрет на европските самите, но второ и заради тоа што првпат влегуваме во еден нов начин на финансирање на изборните кампањи, каде што каде што многу прашања треба да се регулираат.

Оваа денеска во интервју за МИА изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, во врска со барањето на ДУИ за детално балансирање на изборните единици.

„За сите овие прашања постигнавме консензус помеѓу политичките партии. Едно прашање кое што е исклучително важно и од кое што зависи законитоста на изборниот процес е разликата во бројот на гласачи во различните изборни единици“, посочи Османи.

Османи за МИА истакна дека пред неколку дена Државната изборна комисија и нејзиниот претседател Оливер Деркоски испрати писмо до Министерството за правда укажувајќи дека за првпат во четири изборни единици има девијација од над 5 проценти, кое што е надвор од законските ограничувања.

„Разликата меѓу шестата изборна единица и третата изборна единица е околу 40.000 гласачи, со што ги прави гласачите нерамноправни, односно нивниот глас при нивниот избор нема иста тежина. И ова е причината и точно е дека ДУИ го кочи во моментот во Собранието Изборниот законик затоа што не сакаме да ја преземеме одговорноста за незаконитост на изборниот процес. Постојат најави дека луѓето може да поднесат претставка до Уставниот суд за незаконитост на изборниот процес и тоа дополнително да го комплицира не само изборниот процес, туку и политичката ситуација воопшто“, вели Османи.

Тој напомена дека затоа предложиле прецизни и добро измерени калкулирани преместувања на изборни места од една во друга изборна единица, со цел сите изборни единици да да паднат под законскиот лимит од пет проценти.

„Апелираме до политичките партии да го прифатат овој амандман на ДУИ бидејќи целта на овој амандман единствено е законитоста на процесот и овозможување на рамноправност во тежината на гласот на секој граѓанин во која било изборна единица. Се надеваме дека политичките партии ќе рефлектираат на оваа потреба и нема да дозволат ризикување на незаконит изборен процес којшто дополнително може да ја отежне политичката состојба во земјава“, порача Османи во интервјуто за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ