• Latest

Османи пред Комисијата за надворешна политика: Никој не преговара и нема право да преговара за идентитетските прашања

January 28, 2022
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025

Инженери на Македонија: Се отвораат ли врати за скриени интереси со штотуку донесените измени на Законот за енергетика, дали се прави простор за привилегирани инвеститори?

July 7, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп се заканува со царина од 10% за земјите што ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС

July 7, 2025
Blokada pred Praven fakultet vo Belgrad/ Foto> screenshot N1

На осмиот ден од протестните блокади во Србија, полицијата ги спречува блокадите во Белград

July 7, 2025
Фото: Скриншот

Во Собрание денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот

July 7, 2025

Израелските напади убија најмалку 38 лица во Газа, додека преговорите за прекин на огнот стигнаа до критична точка

July 7, 2025
Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер (фото: МИА)

Нетанјаху денеска во Вашингтон на разговори за Газа

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи пред Комисијата за надворешна политика: Никој не преговара и нема право да преговара за идентитетските прашања

January 28, 2022 13:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во своето излагање пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Северна Македонија за текот на разговорите и односите меѓу Скопје и Софија, истакна дека никој не преговара за идентитетот, јазикот и другите идентитетски атрибути, пренесува информативната агенција МИА.

– Кога сме кај чувствителните прашања, сакам јасно и гласно да повторам – никој не преговара за идентитетот! Јазикот и другите идентитетски атрибути се прашања кои произлегуваат од правото на самоопределување на секој човек, на секој народ, на секоја етничка заедница, на секоја држава и тоа е неприкосновено право посилно од било кое друго право. За овие прашање ниту сме преговарале, ниту имаме право да преговараме, ниту некој некогаш ќе преговара, подвлече Османи.

Тој истакна дека можеби постоеле такви обиди во минатото кога се пласираа некакви тези за негирање на идентитетот на Македонците како „Еден народ во две држави“, што, вели Османи, преставуваше обид за наметнување на еден единствен поглед на исторската вистина, но преку еден мудар, рационален, аргументиран пристап успеавме да покажеме дека се тоа ретроградни појави, дека не одговараат на современите цивилизациски вредности, и сметам дека во тоа успеавме.

– Денес веќе не разговараме за идентитет, туку единствено за пристапот при утврдувањето на правото на самоопределување на секој – во согласност со постоечкото државно уредување кај двете држави. Тоа не води до сетот политички прашања кој до неодамна беше именуван како пакет 5+1, рече Османи.

Според него, во последно време почнала да се шири, како што рече „една блага хистерија дека за вакви чувствителни прашања можни се ад-хок решенија“ и оти некој може сам, преку ноќ, зад завесите, без знаење на граѓаните да донесе било каква одлука или договор на штета на нашите државни позиции поставени од декларацијата на Собранието.

– Сакам да порачам дека државниот тим целосно се води од позициите, државна позиција, дека секое прашања поминува низ неколку филтри – прво се тука експертите и дипломатите во МНР, професионалци кои со овие прашања се занимаваат во дипломатијата независно која било политичка власт во државата. Тоа се истите луѓе со кои работеле и моите претходници, меѓу кои и  сегашниот преседател на Комисијава, Антонио Милошоски кога тој беше министер. Потоа е и Владата, каде одлуките ги носиме заеднички, а секако на крајот и оваа Комисија, Собранието воопшто, и на крајот и граѓаните, рече Османи.

На крајот, посочи Османи, најчувствителните прашања и не се предмет на политички преговори, туку тие се предмет на разговори меѓу експертите во заедничката комисија за историски и образовни прашања, која, како што рече, е независно тело и во чија работа ниту можеме ниту се обидуваме да се мешаме.

– За нас најважното прашање во тој пакет е токму Имплементацијата на одлуката на европскиот совет од март 2020-та година, преку одржување на првата Меѓувладина конференција, притоа, нашата клучна позиција е дека во самата преговарачка рамка, македонскиот јазик да биде третиран како официјален јазик на Европската Унија без никакви додатни квалификации како и прашања поставени од Бугарија, истакна Османи.

Таму, продолжи министерот, се прашањата за принципот на самоопределување согласно уставните уредувања на државите, прашањето на говорот на омраза и рехабилитација на жртвите од комунизмот.

– Нема ништо повеќе ниту помалку во овој пакет на политички прашања, ниту пак нешто спектакуларно со кое треба да ги плашиме граѓаните. Соодветно во фазата во која се наоѓаме во разговорите, тоа е фаза на размена на идеи, нон-пејпери, работни документи, па и обични разговори, ни сѐ уште не сме во можност да ги преставиме овде затоа што тоа не се договорени предлози. Не можете во сред разговори да ги преставувате нецелосните работни документи, затоа што со тоа ги нарушувате разговорите, подвлече Османи.

Истакна дека во првиот момент кога ќе стигнеме до ситуација да тие работни верзии станат прифатливи за двете страна, пред да се одобрат или стават во функција, писмено ќе бидат доставени и до оваа Комисија и до пратениците.

– За жал сите овие разговори се случуваа во услови на службена влада во Бугарија и три изборни процеси и локални избори кај нас и избор на нова влада. Преставува навистина политичко олеснување што оваа година двете држави добивме легитимни политички влади и соодветно, се договоривме за еден нов пристап со кој преку динамизирање на комуникацијата ќе создадеме платформа за враќање на довербата, продлабочување на билатералната соработка но и надминување на политичките разлики. Си дадовме начелна соглсност дека ќе се посветиме повеќе на иднината отколку на минатото, давајќи му со тоа шанса на процесот за градење доверба, рече Османи.

Тој оцени дека новите влади во двете земји создадоа нова политичка клима, која, како што рече, продуктивно ја искористивме за да вдахнеме нова енергија, нова иницијатива во меѓусебните односи и оти со последните настани успеавме да обезбедиме добар почеток.

Османи изрази очекување дека во следните шест месеци ќе испратиме нова слика за односот и соработката меѓу двете земји, што ќе биде препознаена најпрво кај граѓаните на двете држави, но и кај нашите меѓународни пријатели, кои очекуваат од нас храбри одлуки кои доликуваат на две зрели држави.

– Сметам дека добро правиме. Работиме внимателно, трпеливо, но притоа со силен интензитет, без да дозволиме дијалогот да биде ставен на страна а нашите недоразбирања да станат таканаречен замрзнат конфликт кој ќе трае со децении. Оттука и мојот апел до самиот почеток на ова обраќање. Немам дилема дека имаме разлики во начинот, или пристапот со кој се справуваме со овој предизвик, но во исто време, немам дилема дека имаме и заеднички позиции изградени токму во ова Собрание преку декларација која е усвоена со консензус, истакна Османи во излагањето пред членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието.

Османи апелираше ова да се искористи како наша придобивка и да не се дозволи оваа Комисија да стане платформа за дневно политички натпревар.

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски, по излагањето на шефот на дипломатијата Бујар Османи за текот на разговорите и односите меѓу Скопје и Софија, запраша зошто доколку има добра волја од Бугарија не се потпише договорот меѓу Северна Македонија и Фронтекс.

– Ако има добра волја и ова е за интерес и на Македонија и на Бугарија и на Европската Унија, тогаш зошто новата бугарска влада ако има навистина поинакви гледишта не прифати да го потпише Договорот помеѓу Македонија и Фронтекс, вели Милошоски.

Милошоски се осврна на делот на обраќањето на Османи, во врска со одлуката за почеток на преговори од март 2020 година.

– Но, кога таа одлука беше донесена вие лично на прес конференција пред македонската јавност со Никола Димитров и Оливер Спасовски како тогашен технички премиер кажавте дека одлуката е безусловна, а гледаме дека сега има 5+1, 3+1, 2+1 имаме услови кои што задираат дотаму што одат до Уставот на Република Македонија кој што е темел на политичкиот суверенитет на една држава, рече Милошоски.

Тој вели дека тенка е линијата помеѓу разговори и преговори, посочувајќи дека приоритет на власта е да опстане на власт и може да влезат да разговараат за идентитетот и јазикот, прашувајќи зошто доколку има добра волја од страна на Бугарија не се прифати да се потпише договорот помеѓу Македонија и Фронтекс.

– Османи зборуваше да изградиме заеднички позиции, зборуваше за зрелост, за почит и за меѓусебна доверба. Како ние да имаме доверба како пратеници кои ги избрал народот, пратениците ја избрале Владата а Владата не сака со нас да сподели еден нон-пејпер што во декември бил испратен во Софија. Како да ги изградиме тие позиции кога вие сте го напишале вашето мислење, стручно лице го дополнило тоа мислење, а вие не ни давате ниту право, ниту доверба како пратеници да дадеме сугестија за тој нон-пејпер кој сакаме да биде во согласност со декларацијата која ова собрание ја усвои, вели Османи.

Милошоски му се обрати на Османи велејќи оти прави преседан бидејќи потврдува дека има документ дека истиот е неформален, дека е работна верзија, а ја ускратува можноста пратениците во таа работна верзија да го дадат својот придонес.

Шефот на дипломатијата Османи, во делот на недоставување документи, реплицираше дека во момент кога ќе имаме која било формулација за која што ќе сметаме дека станува основа за договор, дека е прифатлива од двете страни пред да се каже нашиот став кон Република Бугарија ќе дојдеме тука и ќе доставиме документи.

– Во моментот се само работни верзии на идеи коишто не можам да ги доставувам како официјални позиции на Владата до Собранието. Но, еве, тоа што можам да направам е кој било пратеник нека дојде во МНР и јас ќе им ги почитам пред нив сите формулации, меѓутоа не можам да доставам документи што се се уште само работни верзии, што се разменуваат. Меѓутоа, еве, отворена е вратата на МНР, можам во кое било време да ве информирам за сите детали, рече Османи.  

Османи, за тврдењето на Милошоски дека рекле оти одлуката од март 2020 година е безусловна, рече оти тоа е точно и дека едногласно од сите 27 членки се донесени заклучоците на Советот.

– Немаше никакви условувања. Имаше одредена унилатерална нота или став на Бугарија, меѓутоа како додаток на записникот, но не во заклучоците. Во заклучоците на Советот немаше услови после усвојување на преговарачката рамка, посочи Османи.  

Реплицирајќи му на Милошоски за Фронтекс, Османи рече дека Фронтекс не се потпишува заради истата причина за која што не се усвојува преговарачката рамка.

– Никогаш не сме кажале дека не се спори јазикот во преговарачката рамка. Сме кажале дека нашата позиција е дека за тие прашања не разговараме и мислам дека ова го кажуваме постојано од првиот ден откога зборуваме за ова прашање, истакна Османи. 

За поканата пратеници да дојдат во Кабинетот на министерот Османи за да им бидат прочитани нацрт-документите, Милошоски реплицираше дека уставниот систем во С Македонија е министри да доаѓаат во Собранието, не пратеници да одат кај министрите.

– Не го потценувам, но никој од нас не се чувствува, не е во таква состојба како Кастриот Реџепи да доаѓа кај вас и да разговара за Европа 21. Тоа е веќе фотосесија. Тоа не е сериозен разговор. Ако сакате кога било нешто да ни претставите повелете во Собранието, ќе организираме затворена седница и ако сакате вие да читате – читајте, ние ќе запишуваме. Но, ако имате доверба треба да ги споделите тие документи затоа што Договорот што го потпишавте ви дадовме пет укажувања. Сите пет укажувања беа добронамерни, не беа вметнати и сите работи коишто не беа вметнати денес произлегуваат како проблеми од тој договор и откако е потпишан договорот тензиите помеѓу Македонија и Бугарија се пораснати за трипати повеќе од она што го имавме како релативно нормални односи во претходниот период, истакна Милошоски.

Пратеникот Александар Николоски во обраќањето на собраниската комисија за Надворешна политика истакна македонската јавност добро знае дека претходните два премиери на Македонија и Бугарија имале договор кој бил комплетно еднонасочен и тоа само кон нас во однос на преземање обврски кои што Зоран Заев ги презел и требало да ги реализира во однос на Бугарија и единствена причина поради кои не ги исполнил бил народот кој излегол масовно на улиците на демонстрации во текон на месеците ноември и декември 2020 година.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ