• Latest

Османи: Пристапувањето на Северна Македонија е лакмусов тест за кредибилитетот на ЕУ

March 20, 2021
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Пристапувањето на Северна Македонија е лакмусов тест за кредибилитетот на ЕУ

March 20, 2021 09:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија стана лакмусов тест за кредибилитетот на процесот на проширување на Европската унија, и затоа преговорите за нејзино пристапување во Унијата не смеат и понатаму да се одложуваат, истакнува министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ и магазинот Еурактив, кое го пренесува МИА.

– Одложувањето на почетокот на преговорите, кои ја засегаат и Албанија, би било сериозна геостратешка грешка бидејќи ќе има последици за целиот балкански регион, нагласува Османи.

Напредокот на Северна Македонија во прифаќањето на различностите, помирувањето и односите со соседните земји, според него, треба да се гледа како репер за регионот и да биде награден.

Поради тоа, вели Османи, многу е важно ЕУ да најде начин да ги започне пристапните преговори без понатамошно одложување.

ЕФЕ и Еурактив потсетуваат дека пред само една година, на самитот во март 2020 година, шефовите на држави и влади на ЕУ го одобрија отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Но, процесот беше запрен во случајот на Северна Македонија со ветото на Бугарија, која бара нејзиниот сосед да признае дека двете земји имаат заедничка историја и јазик. Владата на Софија смета дека луѓето во Северна Македонија се Бугари кои зборуваат на дијалект на бугарски јазик, на кои комунистичкиот режим на Југославија им дал нов идентитет и јазик „македонски“.

Министерот Османи, сепак, е уверен дека по парламентарните избори во Бугарија во април ќе се отвори патот за порационален пристап што ќе овозможи решавање на билатералните разлики.

Според Османи, сите земји-членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија, го поддржуваат текстот предложен од Европската комисија за рамката за преговори со која формално ќе се воспостави пристапниот дијалог.

„Важно е текстот на преоговарачката рамка да биде усвоен што е можно побрзо, и се надеваме дека тоа ќе се случи на Европскиот совет закажан за јуни“, вели Османи, кој во четвртокот во Мадрид се сретна со шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја.

На средбата Гонзалес Лаја го уверила дека Шпанија ќе ја поддржува и помага Северна Македонија во процесот на преговори за прием во ЕУ.

Османи во интевјуто посочува и дека состанокот со неговата шпанска колешка коиницидирал со првата годишнина од ратификувањето на протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО во Сенатот на Шпанија, што и овозможи на земјата да се приклучи на Алијансата.

Оценува и дека политичките односи со Шпанија се одлични, но има голем потенцијал и за економска соработка, бидејќи билатералната трговска размена сега е едвај 170 милиони евра годишно.

„Потребен ни е посистематски пристап меѓу нашите институции за поврзување на компаниите и споделување информации“, вели Османи за договорот постигнат со Гонзалес Лаја за изготвување план за поголемо присуство на шпанските компании во Северна Македонија.

Како потенцијални сектори за инвестирање на шпанските компании во земјава ги посочува енергетиката, третманот на отпадните води, соработката во одбраната и туризмот./МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    232 shares
    Share 93 Tweet 58
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ