• Latest

Османи во посета на Словенија и Хрватска, тема на средбите евроинтеграциите на земјава

October 19, 2020

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи во посета на Словенија и Хрватска, тема на средбите евроинтеграциите на земјава

October 19, 2020 09:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи денеска е во официјална посета на Словенија, каде ќе има средба со министерот за надворешни работи, Анже Логар. Во рамките на посетата на Словенија предвидени се и средби со претседателот на државата Борут Пахор, како и со претседателот на словенечкиот парламент, Игор Зорчич.

Османи, по денешната посета на Словенија, утре заминува во работна посета на Република Хрватска, каде покрај средбата со домаќинот, министерот за надворешни работи, Горан Грлиќ – Радман, ќе оствари средби и со премиерот, Андреј Пленковиќ, како и повеќе средби во рамките на хрватскиот Парламент.

-Посетата на шефот на дипломатијата на земјите од регионот се случува во пресрет на важните одлуки за европската перспектива на земјата, во очекување на усвојување на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Европската Унија, информираат од Министерството за надворешни работи.

Од МНР додаваат дека фокус на средбите се очекува да биде европската интеграција на Република Северна Македонија, постигнатиот реформски напредок и одржувањето на добрососедските односи, реафирмирајќи ги притоа очекувањата за поддршка од страна на нашите пријатели за почеток на преговорите во рамките на Германското претседателство со ЕУ, до крајот на годината.

На разговорите се очекува да бидат отворени и темите од билатералната соработка, особено потенцијалите за унапредување на економска соработка, како и заедничкото, регионално справување со предизвиците од пандемијата КОВИД-19. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ