• Latest

Осврт на погрешната економска стратегија на РСМ

August 15, 2019
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Осврт на погрешната економска стратегија на РСМ

August 15, 2019 08:15
in АНАЛИЗИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

По Втората светска војна, Југославија и нејзините 6 конституивни републики пристапија кон индустријализација, односно кон изградба на голем број индустриски капацитети. Индустријализацијата се вршеше по економскиот модел на Ленин,  кој го фаворизираше развојот на  екстрактивната и тешката индустрија. Најдоследна во примената на овој модел, сепак, беше Македонија која пристапи кон изградба на повеќе мега-проекти, посебно во областа на металургијата, хемиската и текстилната индустрија за кои  не постоеја ни суровински, ни енергетски ресурси! Во оваа пригода посебно внимание ќе посветам на два најголеми и најскапи мегапроекти, скопската железарница и кавадаречкиот комбинат ФЕНИ.

Во времето кога се градеше Железарницата во Скопје бев студент на скопскиот Економски факултет. Професорите од овој факултет, на предавањата, не  зборуваа  за  оправданоста на изградбата на овој мега-проект, туку за неговата локација, односно дали Железарницата треба да се гради близу рудникот Тајмиште, до електраната за снабдување со електрична енергија или таму каде што  се кадрите? Поаѓајќи од претпоставката дека стручњаците не сакаат да одат  да живеат и да работат во провинција, падна одлука Железарницата  да се гради во Скопје! За потребите на Железарницата беше изградена железничка линија до рудникот Тајмиште, но, откако се констатира дека рудата од овој рудник е сиромашна, пругата остана како споменик на економската глупост на македонските политичари! За снабдување на Железарницата со електрична енергија, СРМ вложи финансиски средства во изградбата на ТЕЦ „Косово 3“, но, македонската јавност никогаш не дозна дали оваа ТЕЦ беше изградена и дали истата испорачуваше струја на СРМ?! Во тоа време медиумите информираа дека ТЕЦ „Косово 4“ беше изградена пред ТЕЦ „Косово 3“! Во време на транзицијата Железарницата е трансформирана во челичарница (Мак-стил), која едно време не работеше поради еколошки причини! За да можат да се носат со конкуренцијата на светскиот пазар, менаџерите на Мак-стил бараат од државата да им обезбеди ефтина електрична енергија, ефтин природен гас, ниски тарифи на МЖ за превоз на нејзините производи, ниски цени за потрошената вода и  одлагање на примената на строгите еколошки стандарди!

Во почетокот на 1968 година се вработив во Републичкиот завод за општествено планирање на СРМ (РЗОП) и анализирајќи ги состојбите во македонската економија дојдов до сознание дека основните средства (капиталот) во Железарницата во 1970 година вредеа околу 400 милијарди динари, а на „Македонка“ Штип десет пати помалку, односно околу 40 милијарди динари, која вработуваше околу 3.000 работници. Со парите што се потрошија за изградба на Железарницата, но и на „Македонка“ Штип можеа да се изградат многу мали и средни индустриски капацитети во кои можеа да се вработат далеку поголем број на луѓе! Во економијата е познато  дека малите и средните претпријатија многу полесно и побрзо се прилагодуваат на потребите на пазарот отколку мегапроектите!

Во средината на шеесетите години од минатиот век беше донесена одлука за изградба на мега-проектот ФЕНИ. И покрај тоа што  компетентни стручањци предупрдуваа дека содржината на рудата од рудникот „Ржаново“ не гарантира рентабилно работење на ФЕНИ, главниот протагонист за изградбата на овој мега-проект успеа истиот да го внесе во републичкиот план, со тврдењето дека „Кога ќе проработи ФЕНИ, Македонија не треба да извезува ништо друго“!?  За транспорт на рудата од рудникот до ФЕНИ беше поставена транспортна лента во должина од околу 30 километри, која не се користи, бидејќи се покажа дека рудата и од овој рудник е сиромашна! За изградбата на мега-проектот ФЕНИ и за транспортната лента беа земени странски кредити во износ од 650 милиони американски долари, кои во тоа време  беа огромни пари со кои можеа да се изградат голем број мали и средни претпријатија во кои можеа да се вработат неколку десетини илјади работници и кои би производиле стоки за 22 милиони граѓани на СФРЈ и за извоз на странски пазари! Поради честите загуби во работењето на ФЕНИ до кои доаѓаше поради големите осцилации на цените на никелот на светските берзи мега-проектот ФЕНИ послужи како  повод за пресметка меѓу два политички клана во СРМ!

Во тоа време со пари од домашната акумулација и од Фондот за неразвиени подрачја во Југославија, но, и со пари од странски кредити,  Македонија  изгради голем број  мегапроекти, како што се  Железарницата Скопје, Југохром Јегуновце, Топилницата за олово и цинк во Велес, Рафинеријата Скопје, ОХИС Скопје, РЕК Битола, „Тетекс“, Тетово, „Македонка“ Штип, „Газела“ Скопје, „ЧИК“ Куманово и многу други. За изградбата на овие мега-проекти  беа потрошени огромни пари, а најголем број од нив се покажаа не само како нерентабилни, туку и како големи загадувачи на човековата околина!  Економскиот развој на СРМ беше насочен на производство на суровини и полупроизводи, а не на финални производи кои носат далеку поголем профит отколку примарното производство!

А, што во тоа време правеше и како се развиваше Словенија може да се види  од разговорот што, во средината од осумдесетите години од минатиот век, го имав со генералниот директор на Фабриката за автомобили Марибор (ТАМ), Јанез Стерниша, кој во тоа време, беше постојан претставник (амбасадор) на СФРЈ при Советот за заемна економска помош (СЕВ) во Москва. – „Ние, Словенците  направивме голем гаф со мега-проектот гасификација на јагленот во Велење, загубивме могу пари и на состанок на претставници на државните органи и општествено политичките организации, како и луѓе од науката и стопанството донесовме одлука повеќе да не се градат мега-проекти во Словенија, а, развојот да се насочи на изградба на мали фабрики и на  инфраструктурни објекти  (патишта, школи, амбуланти, водоводи, канализации исл.)  во сите  населени места.“ Со ваквата  стратегија, Словнија оствари импресивни резултати. Со паметната политика за регионален развој, престана притисокот за населување во Љубљана и другите поголеми словенечки градови. Главниот град на Словенија остана со истиот број на жители што го имаше по Втората светска војна. Со изградбата на мали фабрики Словенија не само што го реши проблемот на вработување на своите граѓани, туку увезе околу 300 илјади работници од останатите југословенски републики и така стана релативно најголем увозник на работна сила не само во Европа, туку  и пошироко! Неодамна беше објавено дека сега секој десети работник во Словенија е странец! Во повеќе наврати пишував дека Македонија, не мораше да има такви мудри и способни политичари и економисти какви што имаше Словенија, туку едноставно требаше да гледа што прават Словенците, да учат од нив и да го следат нивниот развоен пат! Нималку не е чудно тоа што, пред околу две години, ООН ја прогласи Словенија за најодржлива држава во светот!

Индустриски развиените западни земји во минатиот век означија крај на валканите индустрии и на тој начин успеаја да ги очистат водите, воздухот и почвата и да ја заштитат животната средина согласно највисоките еколошки стандарди. Во 21-от век во Република Македонија, за жал, дојде до оживување на идеите за развој на валканата екстрактивна индустрија. Неуките и корумпирани македонски политичари, без какви било елабоарти за економската оправданост и без согласност на локалното население,  склучиле договори со некои меѓународни корпорации за отворање на рудници за бакар и за злато во  југоисточна Македонија! Со оглед на тоа што земјоделството е доминантна дејност во овој регион, локалното население енергично се спротивствува на отворањето на спомнатите рудници што е верификувано и на референдумите што беа одржани во општините на чии територии треба да се отвараат рудниците. Имајќи предвид дека нашата држава, согласно податоците на релевантни меѓународни институции спаѓа во редот на најзагадените држави во Европа и во светот, треба едноставно да донесе закон со кој ќе се забрани изградбата на капацитети кои ја загадуваат животната околина!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share49Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ