• Latest

Паметните канти на професор од Кавадарци освоија златен медал на Саемот за иновации

October 4, 2019

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Паметните канти на професор од Кавадарци освоија златен медал на Саемот за иновации

October 4, 2019 11:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Патентот „паметни  канти” изработени од кавадаречка фирма во која управител е проф. д-р Димитрија Ангелков, освои златен медал на саемот за иновации Иновамак 2019.

Паметните канти, како што изјави за МИА Ангелков,  веќе од оваа година се произведуваат и дистрибуираат по училишта и градинки.

-Проектот е едукативен, забавен, еколошки и со најниска цена на чинење во светот,  од само 200 евра по канта. Иновацијата се состои во тоа што го решава проблемот со враќањето на пластичните, стаклени и метални шишиња за рециклирање. Во нашата земја скоро секое петто шише се враќа за рециклирање, додека останатите четири завршуваат во реките, езерата, почвата и морињата, рече тој.

Решението е одржливо, нагласи, затоа што со собирање на овој отпад,  дел од средствата се враќаат како награда за тој што ја користи паметната канта.

-Ова решение е идеално за нашата земја затоа што инвестицијата се враќа за помалку од пет месеци, после овој период имате постојана добивка од собраниот отпад. На паметната канта има дисплеј на кој се генерира код кој го внесувате на веб страната www.pametnikanti.mk заедно со вашиот мобилен број и така добивате поен. Кога ќе соберите доволно поени добивате смс и награда од дел од парите кои се добиле од продажбата на шишињата. Системот е одржлив и преку награди ги мотивира луѓето да ги користат овие канти. Исто така имаме и веб сајт кој се користи за светска промоција, http://www.interactive-bin.mk, каде може да се види како функционира целиот систем, појасни професорот.

Трите модели на паметни канти примаат само отпад предвиден за тоа.

-Пример,  доколку во  кантата која прима само стаклени шишиња пробате да фрлите пластично шише,  ќе ви даде коментар дека не прима таков отпад и да одите во другата да го фрлите,  која е предвидена за тоа. Целиот систем функционира самостојно,  затоа што соларниот панел генерира доволно енергија да работи целиот механизам и електроника, додаде Ангелков.

Паметните канти имаа говорен автомат за лица со посебни потребни да може да ги користат.

-Дизајнот постојано се менува во зависност од позицијата каде се поставува. Доколку е во градинка,  е со ликови од супер јунаците, доколку е во банка или институции, тогаш е со дизајн соодветен за тоа.  Доколку се практикува ова решение насекаде, нашата земја ќе постане почиста, поубава  и понапредна. Решенија има, треба да се практикуваат,  нашата земја изобилува со иноватори кои прават се да постанеме развиена земја која овозможува иднина за идните поколенија. Иднината е сега,  порача овој доктор на науки, професор во Електро машинското училиште во Кавадарци и управител на фирмата „Интерактивна иднина”.

Тој верува дека ова решение ќе го зголеми процентот на вратени шишиња. Во Германија тој процент бил 60 отсто.

Ангелков, кој има и други иновации и награди, сподели со нас и уште неколку интересни информации. Кантите работат независно без додатна енергија и се екстремно безбедни, невозможно е некој физички да се повреди од нив. Кантите имаат вграден филтер за воздух и на нив можат да се полнат мобилни телефони. Доколку се спојат две канти со три даски, се добива и клупа за седење. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ