• Latest

Пандов: Катица Јанева не била на работното место надвор од затворот

July 22, 2024

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пандов: Катица Јанева не била на работното место надвор од затворот

Во Затворот „Скопје“ е утврдено дека единаесет затвореници не биле во своите ќелии и дека дел од затвореници доаѓале и си заминувале од затворот кога сакале.

July 22, 2024 14:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, денеска изјави дека за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која издржува затворска казна, имал дојава дека не е на работното место надвор од затворот и за кое имала дозвола, и при проверка се увидело дека таа навистина не е таму. Јанева има право повторно да побара да работи надвор од затворот, но Пандов не кажа дали тоа ќе биде дозволено, туку само дека може да побара.

-За Катица Јанева ве уверувам дека имав анонимна дојдава дека госпоѓата не е на работното место. Јас по службена должност бев обврзан да пратам службени лица да проверат дали е тоа така и констатираа дека не била на работното место, рече тој.

За Јанева рече дека проверувал и дека таа има право повторно да побара да работи надвор од затворот, а дали ќе биде одобрено кусо рече „нека побара“.

Минатата недела вработени од Управата направиле контроли да видат дали и други затвореници кои имаат исто право се на работните места. За тојца, како што кажа, Пандов е утврдено дека не биле.

-А во меѓувреме имаме минатата недела две или три контроли направено на повеќе локации и во град Скопје, во Тетово и во Гостивар и притоа од десетина проверени лица се најдени уште три кои требале да бидат на одредено работно место, а не биле. И за нив исто ќе бидат одземени работните дозволи, рече в.д директорот на Управата за извршување санкции, Пандов.

Пандов најави дека проверки на затворениците кои имаат право да работат ќе се прават редовно.

За Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој иако треба да биде во затвор не е, рече дека од Судот добил условен прекин поради здравствени причини.

-Проверив за него. Тој има добиено условен прекин, до кога не знам, но тоа судот му има одредено поради здравствени причини. Тоа не е прекин кој што го дава Управата туку Судот и има овластување Судот тоа да го направи, рече Пандов.

В. д директорот на Управата за извршување санкции денеска одржа прес-конференција на која соопшти дека при вонредна контрола во Затворот „Скопје“ е утврдено дека единаесет затвореници не биле во своите ќелии и дека дел од затвореници доаѓале и си заминувале од затворот кога сакале.

Извор: МИА 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ