Парламентот на Р. Северна Македонија е највисокото законодавно тело во државата. Првиот пратенички состав беше изгласан на парламентарните избори во 1990 година.
Конститутивната седница на Собранието се оддржа на 8 Јануари, 1991. После тоа, граѓаните уште осум пати гласаа на парламентарни избори за избор на нови пратеници. Според Уставот на Р. Северна Макеодонија, собранието може да брои од 120 до 140 пратеници во еден парламентарен состав, а во сите досегашни состави биле избрани по 120 пратеници. Македонското собрание е претводено од Претседател на Собранието, којшто се избира од редот на пратениците. Пратениците, директно избрани од граѓаните на општи и непосредни избори имаат мандат во Парламентот за да застапуваат интересите на граѓаните коишто ги избрале, и со тоа да придонесат во законодавниот процес.
Парламентот како највисока законодавна институција, има моќ да носи закони коишто ги обрзуваат сите граѓани на републиката. Поради тоа, многу е важно граѓаните да го остварат своето право на глас и да се вклучат во овој процес, за да се осигураат дека опцијата за којашто го дале својот глас ќе ги претставува нив (граѓаните и граѓанките) на највисоко институционално ниво. Ваквото функционирање на парламентарната демократија овозможува еднаква распределба на законодавната власт помеѓу политичките опции, истовремено овозможувајќи им на граѓаните да изберат кој ќе ги застапува нивните интереси.