• Latest

Партнерствата со старт ап заедница ја забрзуваат иновативноста на компаниите

February 19, 2021
Фото: Ryanair / Фејсбук

Нискобуџетниот „Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана, инвестиција од 300 милиони долари и повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 17, 2025
Фото: Фејсбук

Словачкиот премиер Роберт Фицо го пофали самитот Путин-Трамп, повторувајќи ја пропагандата на Кремљ

August 17, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Граѓаните од независните листи гневни, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ жалат за пропуштената шанса со Изборниот законик – направиле сé што било до нив

August 17, 2025
Семејствата на заложниците и антивладините демонстранти се собраа кај портата Бегин во Тел Авив, Фото:
DWS News

Демонстрантите во Израел бараат договор за заложниците во еден од најголемите антивладини протести од почетокот на конфликтот во Газа

August 17, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

Последици од самитот во Алјаска: Европа ги отфрла илузиите, цврсто стои зад Украина

August 17, 2025
Фото: Влада на РСМ

Зајкова: Работела без дозвола, а превезувала деца и туристи – кој ќе одговара за жичарницата на Водно?

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Firstpost

Повеќе од 200 лица се водат како исчезнати во област погодена од поплави во Пакистан

August 17, 2025
Фото: ЗХГ/Фејсбук

ЗХГ: Измените на Изборниот законик се обид за лажно и привидно намалување на прагот, кој е превисок

August 17, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Регистрирани 10 пожари на отворено – шест активни, три изгаснати и еден под контрола

August 17, 2025
Фото: Скринчот од видео на Телеграм каналот exilenova_plus

Украински дронови извршија нов длабок удар на руска територија – погодена важна железничка раскрсница во регионот Воронеж

August 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Партнерствата со старт ап заедница ја забрзуваат иновативноста на компаниите

February 19, 2021 11:44
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Партнерствата со стартап компаниите се од суштинско значење за да се забрза нашата иновативна моќ, изјави Рене Херевијнен, консултант за иновации и развој на бизниси на еден од водечките европски мобилити клубови – ANWB од Холандија на онлајн панел дискусијата за старт ап предизвикот на Светската Автомобилистичка Федерација (ФИА) Регија I.

Панел дискусијата, која е последната во серијата панел дискусии посветени на ФИА Регион I старт-ап предизвикот, ја организираа Бизнис Акцелераторот УКИМ и Авто-Мото Сојузот на Македонија.

Хервенијнен го пренесе сопственото 14-годишно искуство во идентификување на потребите и унапредување на услугите за членовите на пет-милионскиот клуб, кои денес не се само сопственици на автомобили, туку и на велосипеди.

-Светот се менува со брзо темпо. Водени од технологијата, пазарите на кои ANWB е активен бараат иновации. Ако не одговориме, ќе има голем ефект врз континуитетот на компанијата. ANWB сака да остане голема, здрава компанија, максимално релевантна за своите клиенти. Затоа сакаме да растеме со нови предлози и бизнис модели. Не само во рамки на нашите сегашни домени (мобилност, рекреација и туризам), ние исто така ги истражуваме иновациите надвор од нашите сегашни деловни активности. Преку стартап предизвикот FIA Region I, се надеваме дека ќе стапиме во контакт со стартапи кои можат да ни помогнат да го постигнеме овој раст. Партнерствата со стартап компании се од суштинско значење за да се забрза нашата иновативна моќ, вели тој.

За Александар Стамболиев од Бизнис Акцелераторот УКИМ, промените се карактеристика на времето во кое живееме.

-Секојдневно сме соочени со разни техничко-технолошки решенија кои го менуваат нашето мислење за автомобилите. Решенија кои го олеснуваат животот на сопствениците, решенија кои ја менуваат мобилноста од една до друга точка. БАУ и АМСМ, преку соработката со Светската Автомобилистичка Федерација Регија I, настојува кон овие светски и секојдневни промени на реалноста да ја вклучи и македонските старт-ап бизнис заедница, со своите иновативни решенија, предлози, идеи. Тука сме целосно да ги поддржиме ваквите иновативни и креативни решенија кои ќе имаат можност преку ФИА Регија I предизвикот да пласираат одредено решение до 36 милионски пазар, изјави Стамболиев.

Исто така, АМСМ и БАУ ја информираат старт-ап заедницата за можностите на овој предизвик.

АМСМ, како единствена мобилити членка на ФИА од земјава, успеа да донесе релевантни гости на секоја од трите досега организирани панел дискусии.

На различни теми досега зборуваа Сара Камбиер (Sarah Cambier), одговорна за реализација на FIA Region I Start-up Challenge, потоа Габриел Симчиќ (Gabriel Simcic), директор на одделот за членство во FIA Region I и Рене Херевијнен (René Herrewijnen), консултант за иновации во еден од водечките европски мобилити клубови, ANWB од Холандија.

-Секој од нив придонесе за подобро информирање на претставниците од start-up заедницата во насока на тоа кои проблеми на членовите треба да се адресираат во пошироки рамки, што се очекува од нивните идеи и како треба да се размислува при подготовка на апликацијата за предизвикот. Предизвикот е отворен до 28 февруари и уште еднаш ги охрабруваме македонските start-up компании да не ја пропуштаат можноста и да аплицираат со своја идеја, велат од АМСМ.

На натпреварот може да учествуваат сите старт ап компании кои имаат или може да понудат креативна идеја или решение во една од следниве области:

1) Како мобилити клубовите може да ја подобрат и иновираат употребата на автомобили во иднина?

2) Како клубовите може да ги понудат најдобрите решенија за мобилност на своите членови?

3) Како мобилити клубовите може да им го олеснат животот на луѓето и надвор од нивните автомобили?

FIA Region I вклучува 103 мобилити клубови од Европа, Блискиот Исток и Африка со 36 милиони членови. Првиот стартап предизвик на FIA Region I привлече 67 апликанти од различни земји.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ