„Моја проценка е дека избори со редуцирана кампања може да се реализираат, но имам голема резерва за самиот ден на извори“, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција која се одржа во дворот на вилата Водно, како мерка за заштита од корона вирусот, пренесува сдк.мк.
„Ако се одложат изборите на месец или два, тоа нема да биде пропаст на светот, најважно е здравјето на граѓаните. Еден милион граѓани гласаат кај нас, имаме 3.000 гласачки места, 5 члена во Избирачките одбори и 5 нивни заменици. На денот на избори имаме гигантска операција за пренос на избирачкиот материјал, па потоа на крајот тој се предава на пребројување“, рече Пендаровски.