• Latest
Фото: МИА

Пендаровски-Норман: Билатералните односи со Канада дополнително се зајакнаа со сојузништвото во НАТО

March 11, 2021
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски-Норман: Билатералните односи со Канада дополнително се зајакнаа со сојузништвото во НАТО

March 11, 2021 13:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Џајлс Норман, новоименуван амбасадор на Канада во Северна Македонија, со седиште во Белград.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на свечената церемонија на предавање на акредитиви, Пендаровски истакна дека Северна Македонија и Канада традиционално ги поврзува пријателство и меѓусебно разбирање. Одбележувајќи 25 годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи со Канада, билатералните односи, како што рече претседателот Пендаровски, дополнително се зајакнаа со сојузништвото во НАТО.

„Билатералната и мултилатералната соработка и нашето партнерство се базираат на споделувањето на вредностите на демократијата, како и на визијата за градење на поправеден и поинклузивен свет. Канада отсекогаш за нас била земја на толеранција, на различности и почит кон сите луѓе, што нè чини уште поблиски како две држави, иако географски далечни“, рече Пендаровски.

Посакувајќи му на амбасадорот Норман успех во извршувањето на дипломатската должност, претседателот Пендаровски изрази уверување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се развива во нагорна линија во повеќе сфери од заеднички интерес, со фокус на унапредување на економските релации.

„Во оваа смисла, свој придонес дава и бројната дијаспора по потекло од нашата држава, која е дополнителен мост за јакнење на нашата меѓусебна комуникација и унапредена соработка во културата, образованието, науката и технологијата“, нагласи Пендаровски.

 

Амбасадорот Џајлс Норман истакна дека Северна Македонија и Канада имаат многубројни заеднички особини кои ги обединуваат двете земји, меѓу кои е и различноста.

„И Северна Македонија и Канада имаат богато етничко, религиозно и јазично наследство. Прифаќањето на различноста ги прави нашите земји посилни. Споделувајќи ги нашите искуства, Северна Македонија и Канада можат да учат една од друга за тоа како различноста може да придонесе за вклученост и заедништво“, рече амбасадорот Норман.

Амбасадорот Норман нагласи и дека на двете земји заедничка особина им е посветеноста на рамноправноста меѓу мажите и жените, како и желбата да се изгради посилна економија преку трговска размена и инвестиции.

„Од суштинско значење за нашата економска соработка е бизнис клима каде што се почитува владеењето на правото и каде што странските инвестиции се заштитени од произволни одлуки. Зголемување на економската соработка ќе биде важен дел од мојот мандат“, заклучи амбасадорот Норман. /МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    228 shares
    Share 91 Tweet 57
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ