Со зборовите дека за прв пат во историјата на Македонија сите заедници застанаа зад еден кандидат, премиерот Зоран Заев ја најави кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија. Тој додаде дека зад Пендаровски застанаа 31 политички партии и сите негови внатрепартиски противкандидати.
„Стево Пендаровски одлучи да поведе напред, ги избра граѓаните. Сакам да изразам голема благодарност и за другите кандидати, Шекеринска, Спасовски, Димитров и другите, тие се големи луѓе, локомотиви на владата, кои одлучија да работат за реформите, за граѓаните и да дадат предност за натпартискиот кандидат Стево Пендаровски“ – рече меѓу другото лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев.
Тој додаде дека одлуката ја донесоа лидерите на политичките партии, а деновиве истата треба да се верификува и во органите на другите политички партии, како на оние од СДСМ на конгресот кој ќе се држи на 3 март.
А. Зеќири