• Latest

Пендаровски: Високата корупција е закана за држава

December 13, 2019
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Високата корупција е закана за држава

December 13, 2019 10:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Неспорно е дека постојано вршиме прилагодување на домашното право со правото на ЕУ што е наша стратешка цел. Но, она што е моја лична дилема, а верувам и на најголемиот дел од нашите граѓани е дали државните институции суштински или само формално ги имаат усвоено и ги следат европските вредности и принципи во оваа област“, рече претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на денешниот Регионален форум за борба против корупција на тема „Исполнување на ветувањето за проширување на ЕУ: 30 години добро управување и антикорупциски реформи во Централна и Источна Европа“.

Претседателот Пендаровски повика на соработка меѓу институциите, невладиниот и приватниот сектор затоа што, подвлече, тоа е еден од успешните начини во справувањето со корупцијата, а транспарентноста и отчетноста се темели на доброто управување и владеење на правото.

„Долги години се занимавам со прашањата од областа на безбедноста и слободно можам да кажам дека во изминатите 10 до 15 години во нашата држава високата корупција прерасна во една од најголемите безбедносни закани за иднината на земјата. Тука морам да го издвојам т.н. случај „Рекет“ кој дискредитираше голем дел од нашите напори и надежи за справување со криминалот и високата корупција. Лично не очекував дека носители на толку важни и одговорни функции толку ќе потфрлат во даден момент. Овој случај останува да биде лакмус за правната држава, а со тоа и тест за отпорноста од политички влијанија на клучните институции“, истакна Пендаровски.

 

Според него, искрената борба за правна држава подразбира да се истражуваат криминалите на претходната, но и криминалите на актуелната власт, а истовремено е многу значајно да не се дозволи преку намерно застарување на предметите да се случи таканаречена скриена амнестија на сторителите на дела поврзани со високата корупција, пренесува МИА.

„Сметам дека е добро што се овозможи да постои континуитет и што предметите од поранешното СЈО беа преземени од редовното Обвинителство. Не постои земја членка на ЕУ која не ни укажува дека мора до крај да го истражиме тој огромен скандал во кој имаше милиони снимки кои мораат да имаат разрешница, во спротивно не може да очекуваме да не третираат како сериозна држава“, потенцира Пендаровски.

Тој очекува во наредниот период тоа да биде најтешката задача со која системски и сериозно ќе се зафатиме откако ќе почнеме да преговараме со ЕУ.

Пендаровски смета дека за ефикасна борба против високата корупција потребен ни е нов закон за  Јавно обвинителство кој ќе ги задоволува највисоките европски стандарди, наместо, како што рече, преку непринципиелни политички договарања зад сцена да ја компромитираме борбата со високата корупција.

Пендаровски се осврна на принципите на Конвенцијата на ОН за борба против корупцијата која укажува на тежината на проблемите и заканата што таа ја претставува за стабилноста и безбедноста, за демократските и за моралните вредности.

„Нам ни е неопходно системско справување со корупцијата и воспоставување нов вредносен систем за што е предуслов јасно изразената волја на релевантните политички фактори во државата“, истакна  Пендаровски  и повтори дека неопходните реформи во сферата на владеење на правото и правната држава не треба да ги правиме за да ги задоволиме критериумите за членство во ЕУ, туку за да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и во сопствената држава.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ