• Latest

Пешевска Мицковска: Можеби имам специфични потреби, но треба да ги имам истите права како и сите граѓани

December 4, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пешевска Мицковска: Можеби имам специфични потреби, но треба да ги имам истите права како и сите граѓани

Својата приказна таа ја започна со илустрирање на раното откривање дека има нарушување во слухот и како тоа се одразило на нејзиното образование и социјализација со другите деца, а ја продолжи со надополнување на губењето вид во пубертетот.

December 4, 2019 12:20
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сандра Пешевска Мицковска, aктивистката за правата на лицата со попреченост, го отвори панелот „Рампа – (не)прифатеноста на лицата со посебни потреби во општеството“ со својата лична приказна, како лице што има попречености со слухот и видот соочувајќи ги присутните со секојдневните предизвици, „рампи“ и недоразбирања, стереотипи…

Сандра илустративно ги раскажа соочувањата со несоодветните пешачки патеки и тротоари, во образованието, во здравството, во институциите, при вработување… 

„Има рампи што премостуваат бариери, има рампи по кои тешко се искачуваме, некои нестандардни и непрописни… Мене ми е драго што ја имам честа да ја кренам рампата како прв говорник… Имам многу идентитети, ќерка, мајка, сопруга, меѓу нив е и идентитетот лица со попреченост. Сакам да споделам еден аспект од мојот живот, токму до причина што моите попречености не се видливи“, истакна Пешевска Мицковска.

Својата приказна таа ја започна со илустрирање на раното откривање дека има нарушување во слухот и како тоа се одразило на нејзиното образование и социјализација со другите деца, а ја продолжи со надополнување на губењето вид во пубертетот.

„Би сакала да илустрирам како јас гледам. Најчесто ме прашуваат зошто не носам очила. Тие не помагаат во мојот случај. Јс имам централен вид и гледам како низ тунел или како низ двоглед. И тој остаток од видот, што ми е централен, не е совршен. Фокусот не ми е добар, видот ми е матен… Буквално лик да препознам треба да дојде некој метар до мене. Комбинацијата од оштетен слух и вид, дополнително ја отежнуваат целата ситуација на живеењето и се соочувам со пречки токму од тоа што не ми се видливи попреченостите“, објасни Пешевска Мицковска.

Таа додаде дека негативно ваквата состојба се рефлектира со лица кои не ја познаваат доволно и во важни работи како што се интервјуа за работа, формални комуникации… Ризик постои и при движење по улица, тротоари, додава таа, особено ноќе бидејќи дополнително има и ноќно слепило.

„Како пример би ги навела шалтерите, со оние мали отвори за комуникација, а таа комуникација мене ми е многу отежната. Нема свесност кај службениците што работат зад тие шалтери. Не постои свесност дека некој можеби недослушува или не гледа… Како поекстремни случаи и искуства би ја навела случката кога на пешачки премин на раскрсницата кај Градска болница, да тргнам откако едно возило помина, а пред да помине возилото по него. Излезе дека возилата се врзани со сајла, која не беше обележана. Јас не ја видов и сајлата почна да ми ги сече нозете. Во еден момент второто возило ме удри и летнав на раскрсница, среќа не беше прометна, па не ме собра некоја друга кола. Исто така во едно кафуле, каде просторијата беше многу темна, поткачив шанк столче на кое беа наредени пијачки кои почнаа да паѓаат. Бев со придружба и ме водеа за рака. Јас се свртев, се извинив, но не можев да препознам луѓе, ниту да ги видам. Во еден момент едниот од нив ми фрли во лица чаша со алкохол. Окото ми беше отечено, настана некој хаос и добив објаснување дека нивните пијалоци многу биле скапи, јас сум ги бутнала и сум нанела голема финансиска штета“, беа дел од примерите со непријатностите со кои се соочила Пешевска Мицковска.

Таа даде објаснување и како терминот лице со попреченост влијае на неа, па и на другите лица.

„Терминот лице со посебни потреби многу ми пречи, бидејќи јас сум граѓанин на овој град и оваа држава и сум иста како сите останати, можеби имам специфични потреби. Ние постоиме и отприлика 20 посто од населението имаат специфични потреби. Ќе бидеме лица со посебни потреби се додека општеството има пречки, кога општеството ќе нема пречки, ќе не нема, нас како лица со попречености, туку нормално ќе функционираме, живееме и движиме како сите“, истакна таа.

Во панел -дискусијата „Рампа“, учествуваа и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, Благица Димитровска, Инклузива, Вангел Тркаљанов и Душан Томшиќ од Министерство за труд и социјална политика и Џабир Дерала, ЦИВИЛ.

обработка на текст: Б. Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Горан Наумовски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ