• Latest

Петиција на бугарски интелектуалци: Бугарија да ја признае одговорноста за прогонот и депортацијата на Евреите за време на Втората светска војна

March 2, 2023
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Fox News

Трамп вели дека Путин „сака да продолжи да убива луѓе“, сигнализира испраќање ракети Патриот во Украина

July 6, 2025
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Петиција на бугарски интелектуалци: Бугарија да ја признае одговорноста за прогонот и депортацијата на Евреите за време на Втората светска војна

March 2, 2023 15:56
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе бугарски историчари и други познати интелектуалци покренаа петиција „За признавање од страна на бугарската држава на нејзината одговорност за прогонот и депортацијата на Евреите за време на Втората светска војна“.

Во петицијата се укажува дека „Државата не посака да најде јазик со кој ќе одбележи два нераскинливи и истовремено поларно спротиставени историски факти: спасените животи на Евреите од предвоените територии на Бугарија и депортацијата во Треблинка (4-29 март, 1943) на тие од окупираните земји – во април 1941.“

„Планираната депортација на сите Евреи под бугарска власт е резултат на „конечното решение“ донесено во Ванзе (јануари 1942 година). Но, бугарската држава ја реализира идејата доброволно, трудољубиво и предвремено, а не под германски диктат. Таа јавно ја објавува својата намера на 29 август 1942 година во „Државен весник“, пред воопшто да започнат разговорите за ова прашање со Рајхот. Кога во септември Берлин им дава инструкции на своите дипломатски служби да остварат соодветни контакти, во Софија тие тропаат на отворената врата: Министерството за надворешни работи гордо истакнува дека „самото ја имало идејата да направи иселување на Евреите од Бугарија“ и дека е „особено задоволно од фактот што напорот за сеопфатно уредување на еврејско прашање во Бугарија го привлече вниманието на германската влада“, се посочува во петицијата.

Според иницијаторите на петицијата, тезата за ограничена власт и самостојност на Бугарија во „новите земји“ е неоснована: „Тие беа дефинирани како анектирани и од пратениците во Народното собрание и од сојузниците во Примирјето од 28 октомври 1944 година. Овие територии беа целосно интегрирани во бугарскиот правен поредок, во административната, образовната, па и во црковната структура. Нивното население официјално е додадено од страна на заводот за статистика кон тоа на државата. Следствено, еврејското малцинство, според документите на Комесаријатот за еврејски прашања, пораснало од 48.000 на околу 61.000, вклучувајќи ги и оние со странско државјанство. Депортираните од „новите земји“ се третираат како иселени „надвор од Царството“.“

Скриншот од Енциклопедија на Холокаустот (на Меморијалниот музеј на Холокаустот во САД), статија за Депортацијата на Евреите од Македонија.

Во петицијата се наведува фактот дека бугарската држава била соучесник во Холокаустот: „Лицемерно е да жалиме што Бугарија сакала, но „не можела“ да ги спаси Евреите во „новите земји“, зашто тие немаат бугарско државјанство. Од една страна, таква желба не се пројавува во ниту еден момент. Од друга страна, локалните Евреи со југословенско и грчко државјанство се лишени од опцијата да добијат бугарско државјанство, затоа што е на сила антисемитско законодавство, усвоено самостојно уште во 1940 година, т.е. пред пристапувањето на земјата кон Тристраниот пакт. Кога еврејските општини од Македонија молат да добијат државјанство, петициите остануваат без одговор. Истовремено, Евреите од овие територии со пасоши на земји со неутрален статус или неокупирани од Тристраниот пакт (италијански, шпански, унгарски, турски) не се депортирани. Спротивно на преовладувачкото разбирање кај нас, опстанокот на поголем дел од Евреите под бугарска власт не го заменува или омаловажува фактот дека бугарската држава била соучесник во Холокаустот.“

Во петицијата се укажува и на последиците од државниот антисемитизам во Бугарија за време на Втората светска војна: „Државниот антисемитизам во Бугарија за време на Втората светска војна ги осуди Евреите на граѓанска и економска смрт. А 11.343 Евреи од Беломорието, Македонија и Пирот биле испратени од бугарските власти на физичко уништување.“

Петицијата предупредува на државен негационизам на Холокаустот од страна на Бугарија: „Упорното избегнување на овие реалности не е ништо друго освен државен негационизам. За жал, ова ја става Бугарија во „работната дефиниција за негирање и искривоколчување на Холокаустот“ на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот. Според неа, за искривоколчување се сметаат „Смислени напори да се оправдаат или минимизираат последиците од Холокаустот или на неговите основни елементи, вклучувајќи ги меѓу нив и соработниците и сојузниците на нацистичка Германија“. Ова се случува и покрај тоа што нашата земја го усвои ова дефинирање, кога во 2018 г. станува полноправна членка на Алијансата.“

Во петицијата се бара бугарската држава да ја признае својата одговорност за прогонот и депортацијата на Евреите за време на Втората светска војна: „Бугарската држава јавно, искрено и безусловно да ја признае својата одговорност со извинување за прогонот и депортацијата на Евреите за време на Втората светска војна. Нешто што го направија не само Германија, туку и држави како Франција или Романија, кои имаа слично противречно минато.“

„Овој морален гест во никој случај не би натоварил колективна вина на целата воена генерација, а уште помалку на следните. Напротив, тој би бил знак на зрелост и цивилизираност, заслужено поклонување пред невините жртви и израз на почит кон оние кои навистина придонеле за спасување на многу човечки животи“, сметаат иницијаторите на петицијата.

Потписници на петицијата се економистот и историчар Румен Аврамов, историчарот Александар Везенков, историчарот Стефан Дечев, социологот Лилјана Дејанова, философот Силијан Јотов, а истата од 20 февруари 2023 г., ја имаат потпишано над 140 лица. Меѓу потписниците се познатите бугарски интелектуалци Ивајло Дичев, Александар Ќосев, Красимир Канев, Румен Даскалов, Димитар Атанасов, Димитар Бечев, Владимир Градев, Чавдар Маринов, Дијана Мишкова, Даниел Смилов, Јавор Грдев и други.

Извор: смк.мк

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ