Министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка информираше за билансот по земјотресот кој ја погоди Албанија утринава. На прес конференција Џачка официјално потврди дека по силниот земјотрес кој се регистрираше во 03:53, се почувствувале уште 100 тресења.
“Овој е еден ужасен момент, но сакам да им порачам на сите Албанци дека не е момент за плачење, туку за солидаризација за да ја надминеме една трагична и тешка ситуација. Над 100 секундарни удари, а според експертите не се исклучуваат други последователни удари. Драч и Тума се најпогодени. Кај сите урнати објекти продолжува операцијата за пребарување, но станува збор за тешки операции бидејќи постои опасност објектите да претрпат нови рушења загрозувајќи ги граѓаните кои се под урнатините, но и спасувачките екипи”, изјави министерката Џачка.
А.З.