• Latest

Поенти референдум: Со членството во НАТО, иднината сигурна, неизвесноста минато

September 7, 2018

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025

Бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции до 21 ноември

November 18, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поенти референдум: Со членството во НАТО, иднината сигурна, неизвесноста минато

September 7, 2018 09:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со влезот во најмоќниот воен сојуз на светот, Македонија ќе стане 30. земја-членка со право на глас и одлука. Со тоа, државата влегува во безбедносниот штит на овој воен сојуз, трајно заштитувајќи ги своите граници и територија, а станува и фактор на стабилност во регионот, порачаа поддржувачите на референдумот на вчерашните јавни настапи и особено на средбите со граѓаните.

Македонскиот јазик, како што посочуваат, ќе стане официјален во најголемиот сојуз на светот и сите официјални комуникации меѓу Република Македонија, НАТО и земјите-членки ќе се водат и преведуваат и на македонски јазик, како официјален и признат јазик.

Интеграцијата на Македонија во НАТО ќе значи цврсти државни граници, безбедност и сигурност на децата и идните генерации, а НАТО Алијансата значи паметна одбрана преку концепт на здружени ресурси помеѓу сојузниците кои чинат помалку, а се многу помобилни, велат поддржувачите.

– Со оваа одлука на 30 септември нема повеќе да има мајка која се грижи своето дете, затоа што трајно ќе ги обезбедиме мирот и слободата во нашата Македонија, истакна вчера премиерот Зоран Заев на средбата со граѓаните во Гостивар.

Излегувањето на референдум, според него, е обврска, а неизлегувањето кукавличлук и неодговорност кон државата.

Вратата на НАТО е отворена, искористете ја шансата на 30 септември, порача вчера од Скопје и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, охрабрувајќи ги гласачите да се појават во голем број на денот на референдумот.

– Нема друг пат за зачленување во НАТО. Јас разбирам дека некои мислат оти можат да кажат „не“ на референдумот и „да“ за членство во НАТО. Не постои таква алтернатива или ќе кажете „да“ за спогодбата и референдумот и „да“ за НАТО. Идејата дека може да ја отфрлите спогодбата со Грција и да се зачлените во НАТО е целосна илузија. Како пријател на вашата земја морам да бидам отворен со вас. Бев присутен на Самитот во Букурешт во 2008  и знам колку е тешко ова прашање, рече Столтенберг.

Со влегувањето во НАТО стануваме земја во која владеат правилата, редот и законот. Со исполнување на домашните обврски, создаваме функционална држава во која владеат редот и законот и во кој институциите се сервис на граѓаните – отворени и отчетни.

– Рецепт за подобар живот во Република Македонија е да станеме членка на НАТО и Европската унија, истакна пред чаирчани министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

За поддржувачите на референдумското „ЗА“, бришењето на меѓудржавните спорови и зголемената безбедност на границите води кон подобрување на конкуретноста и атрактивноста на земјата за надворешните бизниси. Со самиот влез во Алијансата би се отвориле границите за домашниот бизнис и би се зголемиле странските инвестиции, а сето тоа пак доведува до отворање нови работни места, зголемување на растот на платите и зголемување на извозот.

Интеграцијата во НАТО, според нив, ќе има позитивно влијание и врз развојот на инфраструктурата, односно нови патишта, железници, комуникациски и енергетски системи. Позитивен импулс ќе добијат и неколку други сектори како информатичката и телекомуникациската индустрија, туризмот и образованието кое ќе биде посебен кадар кој се бара за учество во најмодерниот одбранбен систем на светот.

Поддржувачите на референдумот посочуваат дека економиите во сите земји по влезот во Алијансата доживеале драматичен пресврт и бележат двојно до тројно зголемување на странските инвестиции кои значајно го придвижуваат економскиот раст. Така, Црна Гора, како земја членка на НАТО од април 2017 година за само една година бележи двоен раст на инвестициите од 96 милиони евра на 215 милиони евра во 2018 година, а за 25 проценти раст и кај бројот на туристи. Во Бугарија една година откако стана членка инвестициите пораснале за 36 проценти од 7,5 милијарди евра во 2004 на 11,5 милијарди евра во 2005 година. Тројно зголемување на инвестициите бележи и Естонија по влезот во Алијансата и тоа од 775 милиони евра во 2004 година на две милијарди евра во 2005 година. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ