Полските борбени авиони МиГ-29 пресретнаа руски авион Ил-20 кој извршуваше извидувачка мисија во меѓународен воздушен простор над Балтичкото Море без поднесен план за лет и со исклучен транспондер, соопшти денеска полската војска.
-Полските борбени авиони пресретнаа авион Ил-20 кој извршуваше извидувачка мисија во меѓународен воздушен простор, без поднесен план за лет и со исклучен транспондер, соопшти војската, според регионалните медиуми.
Авионот не го нарушил полскиот воздушен простор, се вели во соопштението.
„Благодарение на високата борбена готовност, професионализмот на пилотите и ефикасното функционирање на системот за воздушна одбрана, мисијата беше извршена брзо, ефикасно и безбедно. Заштитата на полското небо не е само обврска, туку и секојдневна мисија на нашите војници кои, со целосна посветеност, ја штитат безбедноста на нашата земја. Вооружените сили на Република Полска остануваат во постојана готовност за да одговорат на секоја закана и да го заштитат суверенитетот на полскиот воздушен простор, се додава во соопштението, пренесе МИА.












