• Latest

Португалија се надева на одржување на првата меѓувладина конференција до јули, фокусот на разговорите со Софија на Акцискиот план

January 19, 2021
Скриншот од видео на
Il Sole 24 ORE

Грета Тунберг и Франческа Албанезе од ОН прикажани прегрнати од терорист на Хамас на новиот мурал во Милано

December 1, 2025

МВР: „Безбеден град“ за 12 часа регистрира 65.000 прекршоци

December 1, 2025

ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

December 1, 2025

Уапсен човекот што му се заканувал на градоначалникот Митко Јанчев – објавувал омраза и пукашe со автомат!

December 1, 2025
фото: ВИ

Хаос со пензиите: Линеарното зголемување на нишан пред Уставниот суд!

December 1, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Расте бројот на жртви по примирјето, повеќе од 70.000 загинати во Газа во израелските напади

December 1, 2025

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица: Потврдено Упатството на АВМУ за локалните избори 2025

December 1, 2025
Фото: Државен пазарен инспекторат

Пред празниците, ДПИ тргнува во офанзива: Засилени контроли и санкции за угостителите

December 1, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

Прекинати врските меѓу Хамас и Муслиманското братство откако исчезнаа 500 милиони долари наменети за Газа 

December 1, 2025

Пријавување за студентски субвенциониран оброк – рокот истекува на 5 декември!

December 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Португалија се надева на одржување на првата меѓувладина конференција до јули, фокусот на разговорите со Софија на Акцискиот план

January 19, 2021 09:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот претседавач со ЕУ, Португалија, се надева дека во првата половина од годинава ќе се деблокира спорот со Софија и оти ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија. Во исто време македонскиот претседател Стево Пендаровски порача дека ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ. Премиерот Зоран Заев, пак, рече дека фокусот во разговорите со Бугарија до изборите кај нив, ќе биде на Акцискиот план, по што ќе следи водење на разговорите на политичко ниво.

Португалската државна секретарка задолжена за ЕУ, Ана Паула Закариаш, изјави за МИА дека нејзината земја која претседава со ЕУ до први јули годинава се надева дека ќе се деблокира спорот со Софија и ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

Закариаш за МИА порача дека проширувањето на ЕУ е приоритет за португалското претседателство, што започна на 1 јануари и трае до 30 јуни годинава. Додаде дека во тек се контакти со двете страни – Скопје и Софија – за изнаоѓање на решение за билатералниот спор кој го кочи отворањето на преговорите со ЕУ.

-Започнавме со политички контакти со Бугарија и Република Северна Македонија за да успееме да изнајдеме пат кон отворање на процесот, и за време на нашето претседавање да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, но и со Албанија, изјави Закариаш денеска во Брисел, додавајќи дека во овој момент се потребни дополнителни политички разговори помеѓу двете страни и увери дека Лисабон тоа ќе го прави во духот на доверба. 

Во меѓувреме, претседателот Стево Пендаровски на средба со евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е суштинска гаранција за натамошниот демократски развој, стабилност и просперитет на регионот и ниту една земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ. – Само преку дијалог и почитување на принципите и темелните вредности на Европската Унија и на меѓународното право, може да се надминат билатерални разлики и предизвици, рекол Пендаровски на средбата со Гир.

-Република Северна Македонија останува силно посветена на политиката на добрососедство и регионална соработка, истакнал претседателот Пендаровски, потенцирајќи  дека почетокот на преговорите за членство ќе претставува дополнителен поттик за забрзување на реформите.

Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) синоќа изјави дека тоа што го видовме од Бугарија е за жалење и не е во национален интерес на Бугарија.

Кнаус посочува дека на крајот Бугарија ќе сфати дека не може да наметнува нешто, што тие мислат дека е, на друг народ, но и дека се надева дека тоа ќе се случи набрзо, зошто не би сакале да изгубиме три години.

– Договорот со Грција ја прави вашата позиција посилна. Вашата Влада секогаш велеше ние сме Македонци, говориме на македонски јазик и мислам дека доколку оваа порака биде силна и ако Бугарија расмили и види дека е во нејзин интерес да има стабилен и пријателски сосед. На крајот не е важно што тие мислат за историјата на 19. или 20. век, нема да променат што мислите вие, бидејќи тоа не е европски, вели Кнаус.

Според Кнаус, кога ќе станеме дел до Европската економска зона, предрасудите за земјите од Западен Балкан ќе исчезнат бидејќи ќе видат дека 80 проценти од работата е завршена и ќе имаме посилни аргументи за членство, но оти тоа не е алтернатива и не смее никогаш да биде алтернатива, но е конкретен преоден чекор кој е привлечен за граѓаните и овозможува на владите да не намалат со реформите.

– Според објективната анализа на самата Европската комисија, Северна Македонија денеска го исполнува законодавството на ЕУ исто како и Србија и Црна Гора. Дури и без преговори сте на исто рамниште со двете предводнички во преговорите. Ако имате Влада која е посветена, како што беше во изминатите две години, да ги исполнува реформите, ако имате општество кое го посакува, ако имате академици, тинк-тенкови, бизниси, интересни групи кои го гледаат ова како кредибилно, можете да го исполните ова за неколку години, вели Кнаус.

Премиерот Зоран Заев во врска со разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија вчера посочи дека фокусот во разговорите со Бугарија до изборите кај нив ќе биде на Акцискиот план, по што ќе следи водење на разговорите на политичко ниво.

-Процесот на официјални преговори заврши, јас верувам дека следува процес на реализација на Акцискиот план, а веднаш по изборите во Бугарија да влеземе во разговорите и преговорите на политички основи, затоа што секогаш пред избори навистина е нерационално и невнимателно да се преговара за политички теми. Но можеме да работиме на Акциониот план, инфрастурктурата, спортот, образованието, информатичкото општество, туризмот и други обрвски, кои се на двете страни со цел да го јакнеме пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија, нагласи Заев.

Посочи дека за деталите од размената на идеи меѓу работните групи и министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, за нонпејперот, нашето последно размислување кон соседната земја, но и нивната реакција која следеше како одговор на нашиот Акциски план веројатно ќе бидат информирани пратениците во собраниската Комисија за надворешна политика.

Заев напомена дека во координација со претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика ќе се договори точен термин за одржување на седницата на која пратениците ќе бидат информирани за тековните случувања со Бугарија, при што ќе се земе предвид тие да немаат други работни обврски во Парламентот.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во саботното интервју за МИА откри дека најверојатно оваа недела нашиот Акциски план и бугарскиот одговор на него ќе се најдат пред собраниската комисија за европски прашања или за надворешна политика.

Акцискиот план, кој ние и го понудивме на Бугарија и на кој тие сега одговараат, нема апсолутно никаков момент од идентитетски белези – јазикот и нација, туку само предлагаме сет мерки што би требало да ја „олабават“ атмосферата во наредниве месеци, нагласи Пендаровски во интервју за МИА. Според него, одговорот на Софија на нашиот предлог Акциски план не излегува надвор од параметрите на старите бугарски одговори.

– Не можам да видам нешто суштински различно во нивните позиции… Меѓутоа, одговорот што го видов од бугарска страна на нашиот Акциски план практично не одговара на еден дел од нашите барања. Има и за тоа, меѓутоа, повторно во тоа вметнувате што вие мислите за идентитетските белези на македонската нација. Ние тоа не го бараме. Не го спомнуваме во Акцискиот план, бидејќи тоа е надвор од какви било преговори. Ви реков, можеме секоја друга област да ја зборуваме, не смееме и нема да зборуваме сигурно за тоа кои сме, што сме, додава шефот на државата. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Ангел Ангеловски/PMD

    Пензионерите ќе останат без најавеното зголемување: Владата ја префрла вината на Уставниот суд

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Македонски портали усогласено шират малициозни тврдења на руска разузнавачка служба

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Радев со жестока реакција, државниот врв молчи – ЦИВИЛ со осуда: Нападот врз новинарот Перев е чин на омраза и удар врз демократијата

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Трамп вели дека „трајно ќе ја паузира“ миграцијата од „земјите од третиот свет“ по пукањето во Националната гарда

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Струјата поскапува од Нова година – Владата уверува дека ќе има заштита за најранливите

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ