• Latest

Последното танго на авторитарците

July 7, 2023
Вучиќ-Путин (фото извор: Газета Експрес)

Крајот на руско-српското пријателство: Вучиќ се заигра со „седењето на две столчиња“

June 7, 2025
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Последното танго на авторитарците

July 7, 2023 10:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Која е платформата на која се среќаваат богатите и сиромашните индивидуи? Секако, богатите се малкумина, а скромните по примања и сиромашните формираат прилично голема група од која дел милува да биде нарекуван „народ“. Само навидум тие се спротивставени страни. Одговорот на прашањето е многу директен ако се разгледува низ критериумот – на кој начин малкуте богати станале богати. Дури и не се потребни поединечни докази и факти, доволно е кај сиромашниот партнер во тоа танго – „народот“, да преовладува уверувањето дека големата заработка неминовно потекнува од голема нечесност. Притоа, платформата се реди малку по малку, но сеопшто: Од приближувањето на замислената импликација нечесност => богатство, до еквиваленцијата богатство = нечесност, но и понатаму, до ниво на  разгледување според степени на секоја од карактеристиките (колку си понечесен толку си побогат, колку си побогат толку си понечесен).

Платформата на која се игра ова танго е авторитаризмот. Богатството стекнато на сомнителни начини има интерес да вложува во механизми за одржување на стабилна и предвидлива околина за задржување и зголемување на тоа богатство. Но, само авторитарна околина е посакуваниот механизам од страна на овие индивидуи бидејќи економската стабилност на сомнителниот капитал и нивните сомнителни интереси би биле заштитени. Не треба многу умување за да се разбере дека во авторитарно општество, овој вид на индивидуи секогаш би биле над другите, како кајмак, како Алфа.

Од друга страна, пак, мотивацијата на подредениот партнер во авторитарното танго – „народот“, се содржи од индивидуите кои, заради својата економска несигурност, чувствуваат незапирлива желба за извесност. Ништо полесно за сомнително-богатиот: Едноставно ќе вети нивна економска заштита (дури и поединечно), јавно ќе понуди некои општи, недефинирани, неконкретни „решенија“ на комплексните проблеми и – партнерството е обезбедено. На ред е само злоупотреба на демократската институција – избори. Не само парламентарни, локални или претседателски, туку и други, во кои критериумите се изигруваат, како во судството, при што сомнително богатиот се кандидира или кандидира свои филијали. Избирањето му е сигурно (и пожелувано од партнерот „народ“, од филијалите надолу), уште пред кандидирањето. Тоа е повратната авторитарна спрега. Затоа и секаков ветинг би бил на ист начин изигран како и секои други критериуми при нивните избори.

Овие играчи, од останатиот дел од општеството очекуваат да биде само и единствено публика која ракоплеска или молчи на нивната неетичност. Границите на авторитарната платформа ги обележуваат со секакви дискриминирачки симболи, всушност во улога на бодликави огради. Во својата суштина и смисла, симболите немаат никаква врска со економската сигурност на ниеден од партнерите на платформата. Има жално-смешни моменти кога некои од „народот“ ги разбираат тие ознаки како како доказ за наклоност од Алфа моќниот, како чипкана спасувачка мрежа од нивната економска неизвесност. Но, тие симболи, за моќникот се, очигледно, само ознака, значка, за какви „боранијата“ под него да се претставуваат, за да се разликуваат од граѓанската „публика“. Таа – постојаната прашувачка, барачка, расипувачка на забавите на расипано моќниот. Ѕвездосан од ефтините светки на боцките, „народот“ останува во слатките лажни приказни за брзите решенија и затоа, внатре во сигурноста на бодликавата ограда во која си танцува по прецизни ноти.

Но, во публиката веќе никој не аплаудира. Неподносливата галама на оние кои ги исвиркуваат играчите, викаат на глас за индивидуални права и за мериторни институции, за жал, не го тера „народот“ да се посомнева на каква платформа се наоѓа. „Народот“ самодопадно од авторитарната платформа му довикнува на граѓанството со епитети на видови неетичност според аспектите на бижу-симболите со кои се заробени: „Безбожници!“ -одржувајќи ја лажната омерта за заштита на верата. „Предавници!“ – лажно колнејќи се во заштита на нацијата. „Наивни будали!“ – ако забележат верба во критериуми наместо во лидери. И така натаму – цело виножито од компулсивно генерирање на лажни идеи за загроза на „народот“ низ секакви аспекти – телесни, медицински, персонални, историцистички, …, опфаќајќи ги сите можни видови на дискриминација.

Изворната човечка етика да живееш и да ги оставиш другите да живеат, на авторитарната платформа е непријателска девиза која мора да се изврти и уништи. Извртувањето оди со корнење на секаква либерална, прогресивна, демократска и најважно – изворно етичка и мериторна намера. Секоја либералност и прогресивност е означена за хаос, а таков хаос на авторитарната платформа претставува потресна несигурност за сомнително богатите и потресно оддалечување од толку лесните, толку простите „решенија“ за економска сигурност ветувани на „народот“. Алфа на жедниот партнер му вели: „Имам моја чешма, добредојден си, само ако се означиш дека си мој“. Следува клетва по дискриминаторни основи, сосе сите цртани симболчиња, за секој што пречи на овој однос.

Изворната човечка етика да живееш и да ги оставиш другите да живеат, на авторитарната платформа е непријателска девиза која мора да се изврти и уништи. Извртувањето оди со корнење на секаква либерална, прогресивна, демократска и најважно – изворно етичка и мериторна намера.

Оттука може да заклучиме дека ознаките за раса, вера, нација и други карактеристики, па и за физичките – се вештачки ознаки. Тие се само избрани категории од телесна или друга природа кои не се менуваат лесно, со цел манипулација (а служат и за клетви) и означување на авторитарните граници. Но, изворната човечка етика не може да се канализира преку дискриминација и сите го знаат тоа. Сепак, жедта за извесност, која со помош на дискриминаторните основи престапува и преку економската извесност – преовладува, станува приоритет небаре е отстранување на егзистенцијална загрозеност. Таа жед за економска извесност ја генерира фатаморганата дека токму дискриминациите се патеките на етиката. Така се раѓа затуцаниот конзервативизам со дискриминирачки предрасуди, со сите преференци за ред и контрола, за конформизам, за послушност кон авторитет, за наративи околу избрана алфа-филијала на: лидер, пастир, месија, спасител, бог… До фашизам, ако може.

Авторитарноста може да се „пофали“ само со супресијата на индивидуалните права, прекршувањето на фундаменталните човекови права, казнивост на слободата на изразување, собирање и здружување, рестрикции на демократското учество и на слободното дебатирање. Како што веќе гледаме во истрагата со име „Феникс“ за Скопје 2014, авторитарците можат да се „пофалат“ и со недостаток на одговорност и транспарентност што од владеењето на правото прават чергиче за нозе (секако од ВМРО-ДПМНЕ побрзаа пак да фрлат националистички бижу-светки на спомениците – оправдание за коруптивното однесување, сосем согласно со авторитарната платформа на која го играат тангото со својот „народ“). Да не зборуваме колку отворено, дословно се фалат со недостаток на согласност за многу работи (такви и им беа и законите до 2016 г.) и, генерално, до ден-денес, недостатокот на демократска легитимност во разни одлуки и на нивните тековни тела. Во суштина, нивниот потенцијал за корупција и злоупотреба на моќта го популаризираат и рекламираат отворено. Сето тоа е во име на нивните ветувања за финансиска стабилност – за секого од авторитарната платформа („придружете се во авторитарниот камп, или… ќе си видите“). На авторитарната платформа им требаат и жртвени јагниња. Толку од човештината, моралноста и етиката на авторитаризмот.

Од другата страна на авторитарната ограда, се граѓаните – оние кои не сакаат да бидат означени со вештачки ознаки на нивната телесност или интимни уверувања. Кои се сигурни во своите раце, во својата работа и вдолж и попреку на своето битие знаат дека нема да умираат од глад во едно демократско општество, уверени дека „хаосот“ (емоцијата што авторитарците ја трансмитираат против демократијата), всушност има нормална човечка, етичка структура. Уверени се во значењето на изворната етика – без вештачките патишта на дискриминациите, уверени се во универзалноста на критериумите, мериторноста. Тогаш, и можните богати индивидуи кои го стекнале богатството на чесен начин, би дале вредност на зачувување на демократските институции, бидејќи изворната етика би била преточена во универзална мериторност. Само таа нормално ги зачувува сопственичките права, го обезбедува владеењето на правото и обезбедува услови кондуктивни за чесно растење, и на бизнисите, и на државната економија, во повратна спрега. Затоа, да се сетиме зошто служат критериумите за владеење на правото во реалноста на ЕУ вредностите. Затоа, земјите од ЕУ кои високо ги исполнуваат критериумите на ЕУ се напредни. Затоа во нив, прогресот и добросостојбата која произлегува од изворната човечка етика, од мериторноста, не се контрапозиционира со националистички, верски и други дискриминирачки ознаки. Очигледно, инсистирањето да се дискриминира им служи само како диверзија, знаејќи колку штета прави. Но за моќниците и „народот“ од нив е прекрасна „црвена харинга“ против владеење на правото. Бидејќи ним им треба исклучиво неправо за да постигнат економска сигурност.

Авторитарните структури кај нас (гледаме дека се афилирани со ВМРО-ДПМНЕ, но, за жал, и со други партии) тргнале да нѐ уверуваат во вредностите на слободата во авторитарното трло, односно дека бодликавата ограда им е селективно порозна – молат да примат уште некој ракоплескач како дел од нивниот „народ“ (доколку останале такви), а од своја страна, се закануваат дека (ќе) пуштаат волци во гласното граѓанство, на задоволство на нивниот „народ“. За поука и пример. Но, единствено гласните во име на животот и оставањето на мира другиот да живее (без дискриминирање!), всушност ја градат структурата на општеството која може да повлече прогресивно. Тие не се уценети со глад и жед, без оглед на својата финансиска ситуација, ниту се измамени да бидат мрзи и снобови под нозете на сомнителните богаташи и евентуалните нивни партиски филијали, ниту даваат петпари за беззаби кучиња.

Авторитарниот логор затворен во својата бодликава ограда не е структура, колку и да напнува кон ред. Тој, во најблиската метафора, претставува само раслоен вртлог од лаком жив песок полн со жедни давеници. Вредностите и можностите на ЕУ би ги извлекле, но давениците се уште пожедни заради изголтаниот песок со кој авторитарните господари ги поеле. Однесувањето на богатите авторитарци и авторитарно афилираниот „народ“ денес, е нивното последно танго со взаемно свиткани „кичми“ (според нивниот речник). Вредностите на ЕУ се нормалната платформа на кое ова општество конечно ќе застане, па од повисока, всушност, нормална перспектива ќе може да проценува мериторност наспроти корупција, за структури што не се авторитарни. Дотогаш, со вакво нереформирано ВМРО-ДПМНЕ и нивните алфа-пипци, да се сонува за прогрес, е еднакво на делириум, деменција, месечарење.

извор: Рацин.мк

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ