Повеќе од седум милиони Украинци се внатрешно раселени лица до август оваа година, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од меѓународните агенции.
Повеќето од нив се жени, а речиси една третина од нив биле раселени повеќе пати, се наведува во заедничкиот извештај на Агенцијата за азил на ЕУ, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Меѓународната организација за миграција (ИОМ) објавен вчера.
Истовремено, повеќе од шест милиони луѓе кои ја напуштиле Украина или беа внатрешно раселени одлучиле да се вратат во своите домови до август.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, од Украина досега заминале вкупно 14,3 милиони луѓе.
Три четвртини од нив побарале засолниште во четири соседни земји на ЕУ – Унгарија, Полска, Романија и Словачка.