• Latest

Пратеникот Милошоски не е задоволен од работата на министерот за правда, Филков му одговори – „џуџето од Небрегово“ се спаси од одговорност за кривичното дело ,,Моќник”

April 2, 2025
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Пратеникот Милошоски не е задоволен од работата на министерот за правда, Филков му одговори – „џуџето од Небрегово“ се спаси од одговорност за кривичното дело ,,Моќник”

April 2, 2025 10:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски смета дека министерот за правда Игор Филков има слаб придонес во областа со која раководи. Милошоски на гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека тоа е негов личен став.

„Ова е мој личен став, не значи дека е став на партијата или пратеничката група. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството. Тоа е мое мислење“, рече Милошоски.

Посочи дека очекувал досега барем во нацрт верзија до Собранието да бидат доставени Предлог-законот за судови, Предлог-законот за судски буџет, Предлог законот за јавнообивнтелстка служба, новиот Кривичен законик…

Министерот за правда Игор Филков доаѓа од редовите на ЗНАМ, коалиционен партнер во Владата.

Министерот за правда Игор Филков реагира на изнесените наводи на Антонијо Милошоски во Топ тема на Телма, нагласувајќи дека „кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро го памети по аферите поврзани со АМСМ и семејните бизниси од Кичево, изгледа дека сè уште нема навика да одговара пред граѓаните кои го избрале.

„Бидејќи очигледно е неинформиран и изолиран од партијата, го упатувам во неговата матична партија или пак во Владата – можеби конечно ќе го известат за постапките, роковите и статусот на законите! И, бидејќи изгледа како некој што работи по туѓи наредби, за кого одработува во моментов? Дали се тоа интересите на граѓаните или некои други агенди? Во минатото е познат по Ванчо Михајлистички ставови, многу лаги и невистини. Ова е лош де-фокус на македонската јавност по двонеделниот „одмор“!
Да го потсетам дека во парламентот е од 2011 година, откако се повлече од функцијата министер за надворешни работи и активно учествуваше во креирање на „канцерогениот“ правосуден систем. Сега е добар момент да се потсети јавноста дека токму тој директно учествуваше во процесот на донесувањето на штетните измени на КЗ во 2023 година, со што  се спаси од одговорност за кривичното дело ,,Моќник”, вели Филков.

Тој се обрати и до пошироката македонска јавност која има право да биде информирана околу споменатите закони, но не само за нив, туку уште десетици што се во процедура како:

1. Закон за спречување на корупција и судир на интереси (подготвен и објавен на ЕНЕР)
2. Предлог закон Закон за судска служба – подготвен и објавен на ЕНЕР.
3. Предлог закон за платите на јавните обвинители (МП го достави предлог законот до Влада во септември 2024 година, но тој беше одложен поради немање финансиска согласност од ресорното министерство. Законот ќе се реактивира, обезбедени се финасиски средства во 2025 година за негова имплементација.)
4. Закон за јавно обвинителство (подготвен е и ќе се објави на ЕНЕР). Според реформската агенда овој закон заедно со законот за Совет на јавни обвинители треба да се бидат донесени најдоцна до декември 2025 година.
5. Закон за Судски совет (треба да се донесе до јуни 2025, моментално е во завршна фаза, по преводот и ќе се испрати на мислење на Венецијанска комисија и Европска комисија)
6. Измени на Изборен законик (формирарана е работна група, рокот за носење е јуни 2025)
7. Предлог закон за платите на судиите (Според реформската агенда законот треба да се донесе до јуни 2025, работна група работи но потсетуваме дека
пратениците по скратена постапка извршија намалување на коефициентите за пресметување на платите на судиите во декември 2024 година)
8. Предлог закон за кривична постапка (подготвен, одржани се јавни расправи, даден на превод, рок: декември 2025
9. Закон за државно правобранителство (формирана работна група, рок за носење е септември 2025)
10. Предлог закон за судовите (формирана е работна група, се работи на законското решение)
11. Предлог закон за судски буџет (формирана е работна група, се работи на законското решение)
12. Предлог закон за Совет на јавни обвинители (формирана е работна група, треба да се донесе декември 2025)
13. Предлог закон за јавнообвинителска служба (формирана е работна група, се работи на законското решение)
14.Предлог закон за платите на јавните обвинители (формирана е работна група, се работи на законското решение)
15.Нов Кривичен законик (подготвен, преведен на англиски јазик, рок за носење декември 2025)
16. Закон за управување со движење на предметите во судовите (во 2024 година поведена е уставна иницијатива со која се бара делот објавување на правосилни одлуки да се преиспита од страна на Уставниот суд. Доколку со одлука на Уставниот суд се укине одредбата во делот правосилни, ќе се преоцени потребата од измeни на законското решение)“, вели министерот за правда, Игор Филков.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ