• Latest

Предизбoрни коалицирања

February 28, 2020

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ, демократско назадување: Импликации и последици, научени лекции – заштита на демократијата

October 9, 2025

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Илустрација: ВИ

СДСМ во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино; ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода

October 9, 2025

Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Предизбoрни коалицирања

February 28, 2020 09:18
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ и БЕСА вчера формираа предизборна коалиција, и заеднички ќе настапат на превдремените парламентарни избори на 12 април, со што за првпат се формираше предизборна коалиција на македонска и албанска партија.

Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласиле ставовите околу програмата, но носителите на изборните листи.

Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето БЕСА, се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.

СДСМ и Беса се залагаат за негување и почитување на правата на сите етничките заедници, развој, создавање подобри услови за сите граѓани за да ја градат својата иднина овде, за борба проти корупцијата и праведно судство, а интеграцијата во ЕУ останува единствена опција.

Според лидерот на СДСМ Зоран Заев, вчерашниот чин претставува надминување на стереотипите и моноетничкиот концепт на партиите во земјава.

„Што се однесува до другите албански партии и коалиции, сакам да ја уверам јавноста дека како победничка коалиција нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања. Оние кои што ќе сакаат да се приклучат на победниците ќе треба да ги прифатат нашите принципи и вредности за евентуално учество во владината коалиција“, изјави Заев.

Додаде дека работат на градење општество кое се крепи на еднаквост, правичност, општество за младите, старите, за Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, жените, мажите…

„И тоа секому му е јасно, оваа коалиција на 12 април ќе освои сериозни и сигурно мнозинство за формирање влада. Тоа е јасно и на нас и на нашите политички опоненти“, рече Заев.

На прашање за изјавата на лидерот на СДСМ дека нема да дозволат уценување од никого и дали мислел на ДУИ, Заев рече дека со оваа партија се во оперативна коалиција која финкционира на владино ниво.

„Вистината е дека одлуките на ДУИ во 2016 година овозмоижија да се попречи останувањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Со ДУИ се донесоа крупни одлуки, но се гледа дека останати се и последици од поранешната соработка со ВМРО ДПМНЕ во времето на режимот, рече Заев и додаде дека како ќе се постави ДУИ во современата политичка состојба во државава, е прашање на нивна одлука и тест. Според него, од нивниот капацитет зависи дали ќе се менуваат кон подобро.

Како моше важен историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, го оцени Касами потпишувањето на предизборната коалиција.

„Денеска е важен и историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. За првпат во нашата историја, Албанците градат вистинско партнерство со владејачката партија, и тоа како целосен и рамноправен партнер да одлучуваат заедно за иднината на нашата земја“, рече лидерот на БЕСА.

Нагласи дека со денешниот договор меѓу Движењето БЕСА и СДСМ, очекуваат албанските гласачи да ја искористат оваа историска можност да бидат активен член на владејачката коалиција.

Вицепремиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, пак, гледа дефакторизирање на важноста на албанските гласови во коалицијата на СДСМ и Беса.

„Овој сојуз или ова „топење“ на Беса во СДСМ е на штета на албанските интереси, бидејќи се дефакторизира важноста на албанските гласови. Со тој сојуз се дефакторизира важноста на албанските гласови, но пред се, улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот механизам за заштитата на албанските интереси“, посочи Османи, додавајќи дека тој и неговата партија се разочарани поради фактот што двете партии денеска постигнале нивна унификација заради, како што рече, мали лични и групни интереси.

ВМРО-ДПМНЕ излезе со став дека коалицијата меѓу СДСМ и БЕСА е коалиција за продолжување на криминалното владеење.

„БЕСА е партијата која заговараше федерализација на Македонија, а добро е да се знае дали и Заев ги дели истите ставови. СДСМ креира поделби. Граѓаните ќе ги поразат СДСМ на изборите на 12 април и ќе ја донесат правдата во Република Македонија“, соопшти вчера ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека за претстојните предвремени парламентарни избори во коалицијата „Обнова на Македонија“ остануваат политичките партии кои беа дел од неа, како и дека преговараат со други политички партии кои се заинтересирани да бидат дел од коалицијата.

Мали се шансите, како што вели, за предизборна коалиција со некоја од албанските партии, по примерот на денеска официјализираната коалиција помеѓу СДСМ и БЕСА.

Не открива повеќе детали за тоа што преговараат и договараат со политичките партии и најави дека кога ќе има официјална коалиција ќе има заеднички договор и тој ќе биде презентиран пред јавноста. – Во текот на следната недела ќе излеземе со повеќе детали. Политичките партии кои беа дел од коалицијата „Обнова на Македонија“ остануваат, но исто така има и политички субјекти кои преговараат со нас. Нашите позиции се јасни, принципиелни и од тие позиции отстапување нема. Го слушнавме ставот, барањата кои се од страна на различни политички субјекти кои преговараат со нас, ние ги презентиравме нашите позиции, изјави Мицкоски.

Политичките лидери на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши на 21-ви овој месец официјално го потпишаа договорот за коалиција на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Лидерите на двете партии кажаа дека слоганот на нивната коалиција ќе биде „Една држава за сите”. Лидерот на Алијансата за Албанците, во своето излагање посочи дека ова е момент на емоции, затоа што постојано „има сили кои без прекин работат против нивната коалиција“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ