Додека европските лидери се подготвуваат за вонредни разговори во Париз, британскиот премиер Кеир Стармер вели дека е подготвен да испрати мировни трупи на ОК во Украина, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Стармер вели дека е „подготвен да придонесе за безбедносните гаранции за Украина со ставање на нашите сопствени војници на терен доколку е потребно“
Неговите коментари доаѓаат кога европските лидери се состануваат во Париз во понеделник попладне за да разговараат за Украина и одбраната
Во меѓувреме, американскиот државен секретар Марко Рубио доаѓа во Саудиска Арабија на разговори со Русија за Украина, кои се очекува да започнат во вторник
Владин извор изјави за Би-Би-Си дека Украина не е поканета – но Доналд Трамп вели дека Украина „ќе биде вклучена“ во преговорите за ставање крај на војната
Подготви: Д. Мишев