Светската федерација за ментално здравје со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО), од 1992 година го обележува 10-ти октомври како Светски ден на менталното здравје.
Светскиот ден на менталното здравје ја слави свеста за глобалната заедница на емпатичен начин, со обединувачки глас, помагајќи им на луѓето да преземат акција и да создадат трајни промени на подобрување.
Оваа година, Светската федерација за ментално здравје (WFMH) одлучи главната тема за Светскиот ден на менталното здравје да биде „превенција од самоубиство“.
„Самоубиственото однесување“ постоело низ целата човечка историја, но поради неколку комплексни фактори, тоа постепено се зголемува во сите делови на светот и во последните неколку децении достигна алармантни статистички нивоа. Според СЗО, повеќе од 800.000 луѓе умираат од самоубиство на годишно ниво и го прави главна причина за смрт кај луѓето од 15 до 29 години.
Самоубиствени тенденции кај младите лица се случуваат и како резултат на насилство, сексуална злоупотреба и разни малтретирања…
Самоубиството е глобален здравствен проблем што го заслужува вниманието на сите, вклучително и научни и професионални организации, организации за корисници на ментално здравје и нивни семејства и универзитети. Заслужува особено внимание од националните здравствени власти, бидејќи нивна одговорност е да креираат стратегии и директиви насочени кон воспоставување стратегии за да се спречи самоубиство и да се промовира менталното здравје на јавноста.
Оваа тема се уште останува табу во нашето општество и кон која многу имаат погрешни предрасуди.
Самоубиството може да се избегне и затоа оттаму и сите напори за да се фокусира општеството на овој проблем.
Сепак, честопати, луѓето кои страдаат од ментална болест немаат пристап до услуги за ментално здравје, понекогаш затоа што во нивната заедница нема услуги, а понекогаш затоа што мора да чекаат месеци за да посетат соодветен третман.
А. Петровска












