Првиот национален извештај за родов индекс денеска ќе биде промовиран во Скопје, на конференција на која ќе се обрати министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Како што соопшти МТСП, на конференцијата во Клубот на пратеници, ќе присуствуваат шефот на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар, директорката на Европскиот институт за родова еднаквост Вирџинија Лангбак, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и Весна Ивановиќ Кастареде од Канцеларијата на UN Women во Скопје./МИА












