• Latest

Промовирана книгата „Старите занаети во Прилеп“ од Моника Талеска

October 11, 2019

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
Кралот Чарлс и Доналд Трамп ја проверуваат кралската гарда во Виндзор. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Доналд Трамп пречекан во замокот Виндзор од кралот Чарлс и видни членови на кралското семејство

September 17, 2025

Уставен суд не поведе постапка за Правилникот на ДИК

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Илјадници Палестинци бегаат додека израелските трупи навлегуваат во градот Газа, што предизвика широка меѓународна осуда

September 17, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Џејмс Рубин го заврши тридневното сведочење за судењето на поранешните лидери на УЧК; Воведувањето задолжителна воена служба во Србија го враќа стравот кај Албанците во Прешевската долина

September 17, 2025
Претседателот Володимир Зеленски и премиерот на Велика Британија Кир Стармер го потпишаа Стогодишниот договор за партнерство на 16 јануари. Фото: Скриншот од видео на
DD India

Украинскиот парламент го ратификуваше договорот за 100-годишно партнерство со Обединетото Кралство

September 17, 2025

Молдавската полиција заплени милион евра за купување изборни гласови – Русија под сомнеж

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Промовирана книгата „Старите занаети во Прилеп“ од Моника Талеска

October 11, 2019 11:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Книгата „Старите занаети во Прилеп“ од Моника Талеска синоќа, во предвечерието на празникот 11 Октомври, беше промовирана во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Со факти, разговори со занаетчиите, со сликата за прилепската Стара чаршија, авторот Моника Талеска, новинар, советник за односи со јавност во локалната самоуправа, а сега в.д директор на прилепската Градска библиотека, ја раскажува приказната за душата и јадрото на чаршијата – старите занаети кои полека изумираат, но се појавуваат и некои нови што ги носи современото време.

За мотивот што ја натерало да ја напише книгата на која работела две години, Талеска нагласува дека сака за памтивек да се зачуваат храбрите луѓе, душата на Прилепската чаршија.

-Фактот што Прилеп во своето срце ја има Прилепската чаршија, а нејзината душа се занаетчиите кои работат во своите скромни работилници толку посветено, трудољубиво, мирно и тивко и достоинствено целиот свој живот, а сакаат само скромно да го поминуваат животот, ми се чини дека е повеќе од голем предизвик. Да другарувате извесно време со ковачот, со наланџијата, гајдаџијата, секирџијата, самарџијата,  јорганџијата, со првиот бербер во градот, со фризерот Јовица, Иван електричарот кои добар дел од живото го посветиле на граѓание, е голема привилегија. Нивниот занает полека изумира. Го почувствував, духот, со нив разменив емоции. Јас станав дел од нив, а мислам дека книгата, монографијата, ќе биде дел од нив. Некои занаети изумираат, но се раѓаат нови, што ги носи современото време. Оваа книга е значајна и за нашите сограѓани да се навратат уште еднаш на нашите корени, истакна авторот Талеска.

Промоторот Слободан Беличански рече дека книгата, првенец на Моника Талеска се фокусира на Прилепската чаршија и на се уште живите стари занаети.

-Авторката Талеска сака да покаже дека сето тоа е дел од достоинствената културна историја на Прилеп и дел од, исто така, неговото живо економско пулсирање. Воедно, книгата треба да се сфати и како повик за продолжување на нашиот грижлив однос кон културното наследство. На градот и на државата, изјави Беличански.

-Изложбата ја организираме заедно со Моника Талеска, автор на книгата за старите занаети. кога ми го презентираше проектот, многу ми се допадна и решивме да ги направиме фотографиите. направивме прекрасни 36 фотографии од различни занаетчии и верувам дека граѓаните ќе уживаат разгледувајќи ги. фотографиите се направени во рок од еден месец, рече Десоски./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    221 shares
    Share 88 Tweet 55
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ