• Latest

ПССЕ: Неисполнетото ветување на ЕУ за отворање на пристапните преговори поттикнало политичка нестабилност, неизвесност и разочарување во државата

February 8, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ПССЕ: Неисполнетото ветување на ЕУ за отворање на пристапните преговори поттикнало политичка нестабилност, неизвесност и разочарување во државата

February 8, 2022 15:17
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа -ПССЕ за пост-мониторинг дијалог со Северна Македонија во нивниот извештај објавен деновиве во Стразбур, оценуваат дека неисполнетото ветување на ЕУ за отворање на пристапните преговори со земјата „ја поттикнало политичка нестабилност во државата, неизвесност и разочарување“. Сепак, тие ги охрабруват властите, опозицијата и граѓанското општество да останат посветени на нивните европски цели и да продолжат да работат со Советот на Европа, јави дописникот на МИА.

Во ревидираната информативна белешка објавена како дел од пост-мониторинг дијалогот на Собранието со Северна Македонија, Лиз Кристоферсен (Норвешка, СПЦ) и Золт Ченгер-Залан (Унгарија, ЕНП/ЦД) рекоа дека сè уште постои „цврст консензус“ во земјата кој е во корист на процесот на европска интеграција.

И покрај неколкуте трауматски настани во 2021 година, Северна Македонија покажа издржливост, меѓуетничките односи останаа стабилни, а појавата на нови политички партии покажува жива политичка сцена, рекоа коизвестувачите, оценувајќи ги притоа последните случувања.

Земјата направи „многу напори да ги подобри своите стандарди“ во последниве години, но овој напредок „треба да се консолидира и законите целосно да се применат“, велат тие. „Изгледите за интеграција во ЕУ може да бидат силен фактор за поттикнување да се направат реформи, да се подобрат нормите и на крајот да се подобрат условите за живот“.

Во последниве години, Северна Македонија започна процес на нормализација, и на национално и на меѓународно ниво. Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) претходно ја пофали способноста на политичките партии, и покрај поларизацијата по политички и етнички линии, да постигнат договори (пржинските договори од 2015 и 2016 година), да се договорат за одложување на изборите во време на пандемија (2020 година) и да да се врати одредена доверба во изборните процеси (и покрај долготрајните проблеми кои треба да се решат пред следните избори). Изборите во јули 2020 година резултираа со тенко и кревко владино мнозинство – со политички фракции во парламентот осудени на соработка, особено за прашања за кои е потребно гласање со квалификувано мнозинство. На меѓународно ниво, серија договори потпишани со Бугарија (2017), Грција (2018) и соседните земји Србија и Албанија (за промовирање на иницијативата „Отворен Балкан“) исто така создадоа нови можности, смета ПССЕ.

Земјата доживеа неколку трауматски настани во текот на 2021 година, меѓу кои пандемијата со Ковид-19, шумските пожари летото 2021 година, смртоносниот пожар на модуларната болница КОВИД во Тетово во септември (кој однесе животи на 14 пациенти), или трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Струма во ноември во која животот го загубија 46 граѓани, меѓу кои и деца. Сепак, земјата покажа издржливост, а меѓуетничките односи останаа стабилни. Појавата на нови политички партии, како Левица или Зелените движења, исто така покажува дека има енергична политичка сцена и граѓани подготвени да се занимаваат со политика, продолжува ПССЕ.

Во последниве години, земјата направи многу напори да ги подобри своите стандарди. Овој напредок мора да се консолидира и законите да бидат целосно имплементирани. Сè уште постои силен консензус меѓу политичките партии во Северна Македонија за процесот на европска интеграција заснован на европските вредности. И покрај позитивниот сигнал добиен од Европската унија во 2020 година, разочарувачки е што ЕУ досега не ги исполни ветувањата и сè уште не успеа да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија, се вели во извештајот на мониторинг комисијата на ПССЕ.

– Ние, исто така, забележуваме со загриженост дека неисполнетото ветување на ЕУ поттикна политичка нестабилност, несигурност и разочарување во земјата. Од друга страна, перспективата за интеграција во ЕУ може да биде моќен поттик за преземање реформи, за подобрување на стандардите на земјата, кои треба да се засноваат на стандардите на Советот на Европа и конечно за подобрување на условите за живот на населението, констатираат известувачите.

-Затоа ние ги охрабруваме властите на Северна Македонија, како и опозицијата и граѓанското општество, да останат посветени на нивните (пан)европски цели и продолжат да работат во соработка со Советот на Европа. И ги охрабруваме соседните земји – и на прво место Бугарија – да ги поддржат европските аспирации на Северна Македонија, во интерес на граѓаните на земјата и на целиот регион. Во таа насока, повторното започнување на политичката и економската соработка меѓу Скопје и Софија во 2022 година го сметаме за охрабрувачки знак за продолжување на преговорите и изнаоѓање на потребниот политички компромис што на крајот може да доведе до отворање на преговорите за членство во ЕУ, се нагласува во извештајот на ПССЕ.

На крајот известувачите се надеваат дека ќе можат наскоро да ја посетат Северна Македонија и да ги оценат реформите и напредокот постигнат од земјата во рамките на пост-мониторинг дијалогот со Парламентарното собрание на Советот на Европа. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ